Јас досега на сите дизели што сум ги поседувал си ставам адитив и тоа прилично редовно.Можеби претерувам ама ставам на секој 2 или 3 резервоар.
Мислам дека нашава нафта е тиња и поради тоа треба да се ставаат вакви адитив,можеби ова е причина што сум немал никаков проблем со системот за довод на гориво а можеби само сум имал среќа.
Што и да ставиш мислам нема да згрешиш.Значи на полн резервоар ќе му ставиш едно пакување кое со цена се движи од 300 до 500 ден.Јас лично сум ставал Wynn's,Wurth,Liqui moly,Sonax и искрено неможам некој посебно да издвојам,одам купувам тоа што ќе најдам во моментот.Ги има на бензиски,Хубо и други маркети.
Не е голем трошок а мислам дека вршат барем малку работа.
Едит:Ова е одлична тема за адитиви,не е лошо да ја прегледаш
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1681.0.html