Да не отварам нова тема, ке ја искористам оваа за да прашам мислење од вас.
Имено од пред некое време, на прв старт на сабајле, папучата за кочење забележав дека е укрутена максимално, без никакво претходно притискање. Меѓутоа од како ке ја запалам, си омекнува најнормално. Си реков не е нешто страшно, меѓутоа му рекламирав на брат ми, пошто негова е колата.
Меѓутоа, пред 2-3 дена, навечер, а пред тоа цел ден беше колата возена, ја палам и тргам, меѓутоа осетив квичење, и гребење метал. Си реков да не ја возам на бандаж, излегов проверив, се беше во ред. Повторно тргам, повторно истиот звук, и претпоставив дека доаѓа од кај левиот преден диск. По кратко време звукот го снема, и се си беше најнормално. Нормално повторно рекламирав кај брат ми.
За денес, пробувам, ја палам прв пат, ист случај со папучата како и погоре, ја палам колава и папучата воопшто не омекнува. Пробав да тргнам малце да видам дали ке тргне, ама неќе да чуе! Укопана си стои. Ја изгасив, ја затворив, и гледам штоп светлата работат. Да напоменам рачната нон-стоп на ладно време ми е спуштена.
Утре ке дојде мајстор ке ја види, но ме интересира на што типувате вие ?