За жал на заситениов пазар многу тешко се продава возило, поготово возило што вреди (прв сопственик, купено од салон).
Јас Honda HR-V 2004 годиште со реални 125000 км, со целосна сервисна историја (сите фискални/фактури од сервиси, па дури и гориво и перење), со погон на 4 тркала прво ја огласив 6000 ЕУР, не одеше..
Интересно е што јас онака горд на папка со документи целосни (не само сервисна книшка, туку сите можни фактури и фискални). Тие што беа препродавачи или незаинтереснирани воопшто не сакаа да ги погледнат документите...
Па после 5000 ЕУР, почнаа да се јавуваат и да досаѓаат несериозни купци (разни препродавачи).
Па 4500 ЕУР (почнаа да доаѓаат луѓе, ама исто некои несериозни и препродавачи (еден ме убедуваше да ми даел 3000 еур) ).
За на крај да ја продадам на првиот нормален купец (испадна се знаеме, и дечкото ја знаеше и колата), и му ја продадов за 4150 ЕУР.
Ја продавав година дена

Интересно е што од кога ја продадов (огласот не го имав тргнато), почнаа да ми се јавуваат почесто него пред тоа.
Со колата дечкото доби 4Л уље Valvoline 5-40 Синтетско, и неколку месеци старо Alpine CD.
Колата имаше нови свеќици, уље и филтри сменети (5000 км само поминати од промената), нов акумулатор
Од друга страна па купив 2011 (точно 2 години старо беше кога го купив) годиште Цитроен Ц3 1.4 HDI со само 20000 км поминати за 6800 ЕУР.
Тотално е пореметен пазаров на возила. Тешко се зема реалната цена, и да сум јас на место на Velestrumf дефинитивно не би го продавал Ланцерот, поготово за купување на возило што уште потешко се продава, и чија историја можда и не се знае во целост.