Jaс ке ти кажам како се работи.
Истражував за тој аспект од таа транспортна гранка, зашто бев сериозно заинтересиран да лупнам убава цифра во инвестиции.
Секој шофер дневно работи по максимум 8 часа. Законски не ти е дозволено да возиш повеќе.
Локација за утовар ги добиваш via GPS.
Мојот братучед на своите шофери им има дадено лап топ со интернет, редовно секој месец им дава плата.
Храна шоферот сам си купува, на 3-4 дена, во зависност од турата, преспива во мотел кога е време за тој одмор од тие 8 часа, се тушира тогаш.
Камионот му е опремен со спална соба, и тоа солидна, со фрижидер и интернет како што кажав.
1500Е со платен "смештај", без платена хранарина, е полн погодок.
Некогаш се случува да има денови кога имаат луфт, и не возат, спијат и одмараат по цел ден, додека платата им иде.
Добар шофер е екстремно тешко да се најде, и од аспект на ресурси, тоа е најтешкиот за наоѓање. Полесно се наоѓа добар влекач во Германија, отколку шофер во Македонија.