Автор Тема: Сезонска работа низ Европа  (Прочитано 6880 пати)

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #15 на: 21 Февруари 2014, 22:18:45 pm »
@nakolce, а што мислиш ти, дека 1500Е минимум месечна плата ке ти ги даде некој дома да седиш?
Не никој нема да ти даде.. Како се работи е проблемот... 1500 чисти на никој не му остануваат. Храна сами си плаќаат...

toni.de
Бев и видов.. Додека да застанеш на нозе во ЕУ ќе ти треба време. Ама со правилно штедење може да се заштеди многу повеќе отколку тука..

Со МК документи можностите не се нула туку 1%... За се останато ти требаат документи од источниот сосед.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #16 на: 21 Февруари 2014, 22:24:27 pm »
Со бг пасош платата е од 1400-1600 евра за возење камион, рачунај 3-4 месеци спиеш, јадеш, се бањаш по бензиски. Социјален живот нула, фамилијата заборави ја, трошоци ако живееш како глушец 500 евра.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #17 на: 21 Февруари 2014, 22:28:47 pm »
Jaс ке ти кажам како се работи.
Истражував за тој аспект од таа транспортна гранка, зашто бев сериозно заинтересиран да лупнам убава цифра во инвестиции.

Секој шофер дневно работи по максимум 8 часа. Законски не ти е дозволено да возиш повеќе.

Локација за утовар ги добиваш via GPS.

Мојот братучед на своите шофери им има дадено лап топ со интернет, редовно секој месец им дава плата.

Храна шоферот сам си купува, на 3-4 дена, во зависност од турата, преспива во мотел кога е време за тој одмор од тие 8 часа, се тушира тогаш.
Камионот му е опремен со спална соба, и тоа солидна, со фрижидер и интернет како што кажав.

1500Е со платен "смештај", без платена хранарина, е полн погодок.

Некогаш се случува да има денови кога имаат луфт, и не возат, спијат и одмараат по цел ден, додека платата им иде.

Добар шофер е екстремно тешко да се најде, и од аспект на ресурси, тоа е најтешкиот за наоѓање. Полесно се наоѓа добар влекач во Германија, отколку шофер во Македонија.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #18 на: 21 Февруари 2014, 22:47:40 pm »
Добар шофер е екстремно тешко да се најде, и од аспект на ресурси, тоа е најтешкиот за наоѓање. Полесно се наоѓа добар влекач во Германија, отколку шофер во Македонија.

Невозможно е да се најде кај нас шофер на место, барем периодов ;D Ако има некој таков, нека ме контактира :D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #19 на: 21 Февруари 2014, 22:56:44 pm »
Jaс ке ти кажам како се работи.
Истражував за тој аспект од таа транспортна гранка, зашто бев сериозно заинтересиран да лупнам убава цифра во инвестиции.

Секој шофер дневно работи по максимум 8 часа. Законски не ти е дозволено да возиш повеќе.

Локација за утовар ги добиваш via GPS.

Мојот братучед на своите шофери им има дадено лап топ со интернет, редовно секој месец им дава плата.

Храна шоферот сам си купува, на 3-4 дена, во зависност од турата, преспива во мотел кога е време за тој одмор од тие 8 часа, се тушира тогаш.
Камионот му е опремен со спална соба, и тоа солидна, со фрижидер и интернет како што кажав.

1500Е со платен "смештај", без платена хранарина, е полн погодок.

Некогаш се случува да има денови кога имаат луфт, и не возат, спијат и одмараат по цел ден, додека платата им иде.

Добар шофер е екстремно тешко да се најде, и од аспект на ресурси, тоа е најтешкиот за наоѓање. Полесно се наоѓа добар влекач во Германија, отколку шофер во Македонија.
Гледам дека си се интересирал... Ама не 100%. Кај секој газда е различно. Јас сум доста упатен во ова.. Има многу луѓе што врска немаат од компјутери и интернет. А се шофери горе па доста вршам поправки преку team viewer...Здравје на пролет можно е да отидам и да се возам во еден камион месец или два со цел да им наплаќам по 10-15 евра за средување на компјутер, интернет...
Работното време му е 12 саати. Значи од 7 до 19:00 на пример. Возни саати му се 9 (2 пати по 4.5 саати и 45 минути пауза помеѓу нив) Во тие 12 саати може да прави утовар, истовар... Но откако ќе истечат мора камионот да го паркира и да не го мрда додека не направи соодветна пауза. За викенди паузираат по 45 саати.
Кога сме кај интернетот. Обично им плаќаат само во Шведска или ако возат Шведска-Данска тогаш истиот интернет е и за двете земји.
Овие што ги знам јас возат Шведска - Бенелукс и еднаш до 2 пати неделно се на брод од Шведска до Германија. На бродот имаат тушеви, спални итн.
Интернет немаат во холандија. Па сите бараат некое водафон стикче кое има бесплатен скајп во цела европа.. Се што треба е 5 фунти годишно за да ти биде активна картицата.

1500 евра зимаат ама парите ги добиваат кога ќе дојдат во Македонија. Значи ако бил таму 3 месеци кога ќе дојде тука ќе си добие 4500 евра. Ретки се тие што плаќаат па затоа многу се пази кај кого се работи.

Исто така и секаков шофер не се запослува. Пред недела дена отидоа едни од источна македонија.. Незнаеле да го стават камионот во драјв за да тргнат.. Ај тоа го решиле. Едниот успеал и приколица да закачи.. А другиот успеал да го зезне ГПС-от и да го исклучи телефонот.. Па останал без никаква комуникација. Среќа ГПС-от има и батерија па во наредни 48 саати го покажува каде е и така го најдоа.

Добар шофер треба да знае да вози, да има искуство (немора многу ама доволно за да се снаоѓа) Да знае странски јазик (пожелно англиски) и да има минимално познавање од компјутери. За да може нормално да функционира. Исто така треба да има Бугарски документи за да биде се легално...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #20 на: 21 Февруари 2014, 23:02:57 pm »
Брат, ако најдеш човек кој ке иде да работи 3 месеци без да му дадеш пари, слободно прати го кај мене.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #21 на: 21 Февруари 2014, 23:27:10 pm »
Брат, ако најдеш човек кој ке иде да работи 3 месеци без да му дадеш пари, слободно прати го кај мене.
Ама во тек на тие 3 месеци пари за јадење добива... Односно колку ќе побара. Неможе он на воздух да живее.

Сега видов дека не сум се изразил баш како што треба. Затоа што заборавив на парите што они ги бараат додека се горе.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #22 на: 21 Февруари 2014, 23:32:30 pm »
Тешко, верувај, еве го и Спенс ке ти каже.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #23 на: 21 Февруари 2014, 23:38:07 pm »
не трескајте глупости со ова без плата 3 месеци, платата се дава месечно и редовно и затоа неможат газдите шофери да најдат баш поради овие работи - со сув газ сакаат риби да фаќаат.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #24 на: 21 Февруари 2014, 23:39:50 pm »
Нема потреба од етикетирање на постови како глупости.

Верувам дека има луѓе во толку тешка финансиска ситуација, и очајни од барање работа, што би прифатиле да работат на таков начин, иако се, 1 во 200.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #25 на: 21 Февруари 2014, 23:45:22 pm »
Јас тие што ги познавам работат на тој начин.. Ако им треба пари газдата им праќа.. Ако треба дома да однесе, носи... А кога ќе се вратат се бројат кој колку има... што-како и се зима остатокот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #26 на: 22 Февруари 2014, 01:23:50 am »
Врти сучи, не е исплатлива работа :) Не можеш цел живот тоа да го работиш.

Сезонски можеби, ама пак не се големи пари да можеш да живееш како човек.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #27 на: 22 Февруари 2014, 01:27:09 am »
Toa e наменето за студенти и млади луѓе кои може да си дозволат да изгубат 2-3 години за таа намена.

Отсутен toni.de

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #28 на: 22 Февруари 2014, 11:02:42 am »
Цитат: Carpathian Lord link=topic=13083iljadimsg616038#msg616038 date=1393028630
Врти сучи, не е исплатлива работа :) Не можеш цел живот тоа да го работиш.

Сезонски можеби, ама пак не се големи пари да можеш да живееш како човек.
kako covek da zivees ne se dovolnk ni 150-160 Ijadi

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Сезонска работа низ Европа
« Одговори #29 на: 22 Февруари 2014, 12:17:11 pm »
Добар шофер е екстремно тешко да се најде, и од аспект на ресурси, тоа е најтешкиот за наоѓање. Полесно се наоѓа добар влекач во Германија, отколку шофер во Македонија.

Невозможно е да се најде кај нас шофер на место, барем периодов ;D Ако има некој таков, нека ме контактира :D
Сега баш можеш да најдеш добар шофер.Киперите никаде не возат сите седат низ дома.Ама не ви се даваат пари,еаве газди. ;D
Цитат
Toa e наменето за студенти и млади луѓе кои може да си дозволат да изгубат 2-3 години за таа намена.
Дени,до сега не сум сретнал студент кој вози...Возат оние кои гледаат фамилија од тоа...Инаку шоферска работа се знае,в камион си не си дома...Дали си бил еднаш на 2 недели дома,еднаш месечно не менува многу...
Е сеа подобро е да си дома,ама кога нема така јбг дај шта даш е работата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D