Дечки
Ја креирам темава, со цел да си споделиме меѓусебни искуства во врска со сезонските работи низ Европа или Балканов сеедно. Доста бев загреан за Норвешка и прочепкав се живо, за да сфатам дека не е се така како што ни пласираат по текстовиве за платите од 4500 евра. Можноста без бг пасош и норвешки јазик се 0,01%.
Затоа би сакал ако некој има искуство во врска со работа во грција,Словенија,Хрватска или било каде (да не е САД), да даде свое мислење и искуство. Не е на одмет за 3 месеци да си вратиш некоја заштедена пара на страна.
Незнаев кај да ја ставам темава, па ако згрешив нешто нека простат администраторите и нека ја преместат на правилно место.