Здраво на сите, темава ми дојде ко 1 на 10ка па морав се регистрирам. За да не отварам посебна тема со ист наслов ќе си земам за слобода да се надоврзам на оваа. Да не речам во идентична ситуација сум, при избор на нова кола. Буџетот сличен околку 22-23к. Изборот го сведов на голф 7 2.0, TDI или мазда 3, 2.2. Моментално возам bmw 320d, 2003г. така да би се задржал на дизел. Голфот најмногу поради тоа што читав дека е доста тивок а и удобен, нешто што после години тврда вожња во bmw-to, почна некако да ми фали, али многу ми е досаден надворешниот изглед. Маздата од надвор ми е перфекција, а и ентериерот е на задоволително ниво, али единствено нешто што ме спречи уште одма да се одлучам за колава е тоа што читав дека е бучна. Тест возење ќе напраам нареднава недела или за викендов, па се надевам ќе одлучам.
@latko, ако можеш да споделиш искуство, дали е тврда вожњата и колку е стварно бучна, дали воопштво би приметил да немав прочитано еден куп форуми
поздрав