Бидејќи напиша дека не сакаш кола на метро, претпоставувам дека ти е сосема доволна големината на еден компактен хечбек. Од моделите во оваа класа јас би ги издвоил Mazda 3, Ford Focus и Seat Leon/VW Golf.
Маздата е одлично возило со најдобар изглед во класата. Според тестовите, таа и фокусот имаат најспортско управување од сите во класата - најдиректно управување со најмногу повратни информации од подлогата. Skyactiv дизелот е врв во класата!(можеш слободно да побараш споредбени тестови на јутуб) Квалитетот на ентериерот е на малку повисоко ниво од фокусот. Негативности, сметам дека има помала практичност од конкурентите - помал простор во багажникот, како и побучна е на пат. Второво може малку да се потсреди со додавање на звучна изолација. Сепак, цената и е многу високо во небо.
Фокусот моментално се нуди за џабе пари. Опремен со највисокото Titanium ниво на опрема по каталошка цена се нуди за 20.900 евра со 1.6-литарскиот турбо бензински агрегат со 182 кс кој се нуди во Fiesta ST или за 22.400 со 2.0-литарски TDCI со 163 кс. Извор:
http://ford.mk/assets/PL/Ford%20Focus.pdf Квалитетот и практичноста се на сосема солидно ниво.
Леонот има за нијанса полошо управување од претходните две. Практичноста и квалитетот на материјалите се на исто ниво со фокусот.
Голфот е најудобен, најпрактичен и најтивок од сите! Нивото на материјалите вградени во ентериерот е убедливо најдобро. Неговите возачки особини се на минимално повисоко ниво од Леонот, поради Мулти-линк задната суспензија. Сепак, не е како првите два автомобили.