Автор Тема: Нови Евротаблички  (Прочитано 114191 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Нови Евротаблички
« на: 04 Август 2011, 08:17:21 am »
ПОСТОЕЧКИТЕ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Mакедонските автомобили со нови евротаблички

Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички. Засега не се соопштува ни дали на новите таблички ќе го има грбот, МК-кодот, ниту пак на латиница името на земјата. Оттаму само не информираа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава.

                                          

Црвените постоечки троцифрени македонски автомобилски таблички кои не се според европските стандарди до крајот на годината заминуваат во историјата. Од почетокот на наредната година македонските автомобили и дефинитивно ќе се закитат со новите сини четирицифрени евротаблички. Оваа информација и фактот што скопските регистарски ознаки веќе извесен период завршуваат на буквата В последна комбинаторика од двозначниот алфа код, ја потврдија од Министерството за внатрешни работи каде велат дека замената на постоечките е неопходна.

-Правилникот за изработка на таканаречените евротаблички е во завршна фаза во МВР. По неговото прецизирање тој ќе биде објавен во Службен весник на Р.Македонија, по што ќе биде распишан јавен тендер за учество на фирмите за изработка на новите регистарски евротаблички, ни изјавија вчера од МВР. Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички, само ни рекоа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава, а сопствениците на автомобилите по стапувањето во сила на новите табли, нема да бидат принудени веднаш тоа да го сторат, според МВР ќе следи подолг временски период во кој ќе се врши замената. Чедомир Стојковски, помошник-управител за производство во "Раде Кончар" фирма која досега ги произведувеше постоечките таблички вели дека располагаат со соодветна технологија која ги задоволува европските критериуми за производство. Немам конкретна информација дека правилникот за изработка на новите таблички е готов во МВР.

Кога ресорното министерство ќе излезе со јавниот тендер за изработка, могу веројатно ќе учествуваме на истиот. Досега учествувавме на повеќе тендери за изработка на речиси сите земји во опкружувањето. Покрај националните таблички, изработувавме регистарски ознаки за возилата на сите меѓународни мисии на Балканот. Стојковски подвлекува дека заштитата на табличките, националните симболи на нив, како и дизајнот секоја држава посебно си доплаќа за изработката. Инаку МВР во 2008 го усвои правилникот по кој подоцна требаше да се израборуваат евротабличките кои тогаш се зборуваше дека ќе чинат околу 4000 денари. Поради стартот на економската криза целиот проект на МВР се одложи. Во тогашниот нацрт-план евротабличките требаа да бидат долги 52, а широки 11 сантиметри. Распоредот на бројките и буквите според планот требаше да остане ист. Две букви кои го означуваат градот во кој се издадени, четири бројки и уште две букви. Основата на табличката требаше да биде бела, но на горниот и долниот дел со флуоросцентна лента да биде поставено македонското знаме и ознаката МК. На левиот дел во сина лента треба да стои повторно ознаката МК, а веднаш до неа вертикално да биде испишано MACEDONIA. Со стопираниот проект предвидено беше и ознака МК, и оставено празно место каде во иднина би требало да стои симболот на ЕУ.
Според тогашниот нацрт требаше да бидат воведени и нови ознаки за 7 града во земјава.

 

МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАД ВОЛАНОТ
Возачка дозвола на 16 години



Бугарски државјани постари од 16 години ќе можат да управуваат со автомобил во присуство на искусни возачи. Тоа е дел од националната стратегија за подобрување на безбедноста на патиштата.
Малолетниците, имено, ќе можат да возат само во присуство на полнолетен совозач кој има возачка дозвола повеќе од пет години.
Важечкиот закон во Бугарија досега им дозволуваше полагање на возачки испит само на лица кои имаат наполнето 18 години.
Националната стратегија предвидува и забрана малолетниците да возат автомобил ноќе, доколку имаат помалку од една година возачко искуство.
Стратегијата ја подготвија повеќе министерства и инспекции, а Парламентот веќе ја усвои. Со неа, како што се очекува, во следните 10 години би требало да се намали бројот на жртвите на патиштата за 40 отсто, а бројот на повредените за 20 проценти.

 

Дејан СРБИНОВСКИ


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D931ABB403EF684CB6EA4AF7BE073194
« Последно менување: 04 Август 2011, 08:19:55 am Cuore Sportivo »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #1 на: 04 Август 2011, 08:21:04 am »
Мислам дека ние сме едина држава у свет каде на неколку години се мењаат таблички и пасоши. ;D

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #2 на: 04 Август 2011, 08:25:17 am »
Поминаа избори,сега се одново.Празна е државната каса.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #3 на: 04 Август 2011, 08:28:34 am »
И секогаш сме биле поим за најгрди таблици...
Овие прикажаниве може да ги сака само мајкаму на детето кое ги проектирало и тоа само пред гости
:D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #4 на: 04 Август 2011, 08:29:43 am »
Мене ми е малку смешно што на три места пишува МК или некоја варијанта. Ја би го тргнал вертикалното MACEDONIA и второто МК помеѓу бројките и буквите, и тие би ги ставил споени..

Али ние не би биле ние ако не претераме со нешто..

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #5 на: 04 Август 2011, 08:33:58 am »
Вториот пример на табличка за кочани мислам дека е добар само за КО-совари,,а и се многу слични со нивните.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #6 на: 04 Август 2011, 08:43:23 am »
ц ц ц Пак таблици ... ајдеее, чичко мене овој број, мене тој ... ааа нееее - дај прво 50 евра ... Хммм Па она МК ??? Све ми се чини дека 2014 пак ќе се менуваат во нови (со EU) Е па, Македонче - ЧОРБА !!!

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #7 на: 04 Август 2011, 09:15:30 am »
Со вакви таблички јок влагање во Грција

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #8 на: 04 Август 2011, 09:35:24 am »
...gluposti za pari.
Aj valjda nema da treba da gi menjem pak vo 2047 ma koga ke otpocnat pregovorite za vlez vo EU.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #9 на: 04 Август 2011, 09:49:04 am »
Вака ќе се чистат 101, Југовците и другите стари кршови што не вреди да се регистрираат. Барем тоа да се стореше на малце пософистициран начин, а не вака...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #10 на: 04 Август 2011, 09:57:18 am »
Вака ќе се чистат 101, Југовците и другите стари кршови што не вреди да се регистрираат. Барем тоа да се стореше на малце пософистициран начин, а не вака...
Мислеш како со градоначалникот на Вилниус?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #11 на: 04 Август 2011, 09:59:59 am »
Мислеш како со градоначалникот на Вилниус?

Не, зашто врска неам што збориш ;D ;D ;D ;D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #12 на: 04 Август 2011, 10:03:15 am »
Офф  другата година на полагање јас  здравје господ  :)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #13 на: 04 Август 2011, 10:03:55 am »
Веќе ги користат овие во Србија ..

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #14 на: 04 Август 2011, 10:05:27 am »
Само колку пари ке се доплаќа за новите... таблички...