Мене таблицата на колата ми е по стар тип - град, 3 бројки, две букви. Знак на сина основа МК нема.
Пишав до народен правобранител претставка дека не е опфатено со законското решение таблици кои
се без МК да мора да се сменат до 12.02.2024, ме откачија.
Пишав до мвр барање за информација од јавен карактер што да се прави со стариот тип таблици кои
немаат ознака МК, ми вратија само нецелосен одговор дека тие со ознака МК мора да се сменат до
12.02.2024.
Се пожалив до агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
(АСПИ) жалба дека одговорот е нецелосен и не вели што ќе бива со старите таблици кои се по службен
весник 66/99 и 51/05 и кои не содржат МК.
Сега предмалку ми се јавија телегонски од агенцијата АСПИ и ми рекоја дека стапиле во контакт со
мвр и оттаму им рекле дека:
НЕ ВАЖИ ОБВРСКА ЗА ЗАМЕНА НА ТАБЛИЦИ ЗА ТИЕ ОД СТАР ТИП БЕЗ ОЗНАКА „МК“ односно дека не мора
да се сменат по 12.02.2024.
Им побарав да ми дадат написмено, штом добијам ќе објавам тука.
@ialeks
Ако не ти одговорат, имаш одредба во ЗОУП за молчење на администрација, можеш да се повикаш.
Тие не ми доодговорија за нецелосниот одговор, а агенцијата за слободен пристап до информации
ми ја одби жалбата. Се мислам да тужам на управен суд.
За ова што си го започнал и бараш релевантен одговор си потполно во право.
Меѓутоа не го заборавај фактот дека во оваа држава законот го толкува секој на свој начин, а тоа најчесто го прават надлежните и нивниот збор е последен.
Кога постои закон во кој не е стриктно дефинирано значењето и смислата, нема логика, а и постоењето на нашава самонаречена држава е исто тоа...
Инаку одговорот што ти го дале и они незнаат дали е таков, и затоа нема да ти дадат ништо на писмено, зошто 99% од вработените во државните институции се партиски неписмени војници или сировина народски кажано. Паразити.
Ако добиеш некој одговор од тој 1% ако прашањето стигне до него ке биде: СИТЕ таблици кои што немаат ознака НМК треба да бидат сменети до 12.02.2024
Со оваа реченица се вклучуваат и таблиците со 3 бројки бидејќи тие немаат никаква ознака/обележје.
Јасно ми е дека за пари кога ќе им притребаат ќе стегнат да мора сите да сменат нови таблици, исто како на времето
кога од TV стана VE подрачје, за среќа не бев оттаму па немав трошок.
Мене целта ми беше барем засега да не мора, да истерам уште некоја година, надевајќи се на единствената константа
во универзумот -- бирократска бавност и мрза т.е. да се матка и одолговлекува работата со тоа што ги бунам за да се
мислат за тоа што го барам - ако ништо друго да смислат посигурен начин да те зафркнат.
А и кога ќе видат дека ќе им се собери мноооооогу работа, ќе се влечка и одложува сето, исто како кога воведоја
биометриски лични карти и сите мораа да ги сменат старите како мини тетратки до одреден датум па после видоја
не видоја - ајде одлагање.
Мене искрено не ми е толку за парите туку за она N кое тераат да е пред MK. Не ми е мило. И да ме натераат, имам
веќе сина изолир трака да го покрие.