Мене таблицата на колата ми е по стар тип - град, 3 бројки, две букви. Знак на сина основа МК нема.
Пишав до народен правобранител претставка дека не е опфатено со законското решение таблици кои
се без МК да мора да се сменат до 12.02.2024, ме откачија.
Пишав до мвр барање за информација од јавен карактер што да се прави со стариот тип таблици кои
немаат ознака МК, ми вратија само нецелосен одговор дека тие со ознака МК мора да се сменат до
12.02.2024.
Се пожалив до агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
(АСПИ) жалба дека одговорот е нецелосен и не вели што ќе бива со старите таблици кои се по службен
весник 66/99 и 51/05 и кои не содржат МК.
Сега предмалку ми се јавија телегонски од агенцијата АСПИ и ми рекоја дека стапиле во контакт со
мвр и оттаму им рекле дека:
НЕ ВАЖИ ОБВРСКА ЗА ЗАМЕНА НА ТАБЛИЦИ ЗА ТИЕ ОД СТАР ТИП БЕЗ ОЗНАКА „МК“ односно дека не мора
да се сменат по 12.02.2024.
Им побарав да ми дадат написмено, штом добијам ќе објавам тука.