Се работи за старите таблици со по 3 бројки што беа, на новите само налепница од северџанија и терај.
Не се нигде спомнати старите таблици со 3 бројки. Во законската содржана во чл.28 на Правилникот за форма
и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските
таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање (сл.вес.293/20) се спомнува
само замена на таблици кои имаат ознака МК.
Сметам дека ова се однесува на таблиците според правилникот по сл.вес.107/11 од кога таблиците почнаа да се со
4 броеви. И сите други последователни правилници и нивни измени и дополувања, не содржат одредба дека постариот
тип на таблици со 3 броеви (последна примена на тој систем на таблици е по сл.вес.137/07) мора да се замени до
некој одреден датум или период.
Старите 3 цифрени таблици немаја нигде ознака за земја МК. А ознака за земја е само потребна ако одиш странство
со возилото. Ова е регулирано со виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 год. според која знакот за земјата
не мора строго да е вклучен како ознака во таблицата на возилото туку е можно и да е со лепенка - ознака на задниот
дел на возилото, ознака која еовална ознака со црни букви и заокружено со црна елипсеста лента, сето тоа на основа
на бела боја.
Иначе, како загрижен граѓанин (кој има и кола со 3-цифрена таблица и не му се даваат пари за смена) јас за ова
поднесов претставка до народниот правобранител. Им барам да најдат дупка во законот според овие за кои им
укажав за да не мора да се сменат таблиците со 3 бројки оти немаат ознака МК. Јас сум за тоа да се чека да
умрат од старост таблиците или возилата.