Не гледам зошто би се исфрлале старите, односно гледам (за да се наполни малку буџетот и по некој џеб). 1500 денари х многу коли = многу пари.
Старите табли на нив немаат никаква ознака МК, НМК или слично и не пречат никако во спроведувањето на преспанскиот договор. Новите табли со МК лесно може да се решат со налепница НМК, како што впрочем и се правеше до сега.
Не знам за други држави, но Италија и Грција имаат по 3 различни генерациски типа на таблици и истите се сеуште во легална употреба.
П.С. ние со коли некако може и ќе премижеме за промена на таблици, 1500 денари е. Колкав проблем ќе се направи со камиони и автобуси, каде лиценци, дозволи и милион други документи ќе треба да се сменат поради промената на таблиците.