И мене ми го препорачаа тој Флојд. Преку познат човек закажав термин кај него за да ја средам колата (филтри, масло итн..) и кога отидов, прво што ме праша е дали сам сум си купил филтри и масло. Му кажав дека да, сам си купив. Изнервирано ми кажа "какво масло сум требал да купам, а не тоа ѓугре што сум го земал" и налутено ми кажа дека не можел да ми ја среди колата тој ден, бидејќи бил зафатен. Од тогаш ниту сакам да појдам во неговиот сервис ниту сакам да имам било каков контакт со човекот.
Иначе имам Ford Focus 1.8tdci 2004-та. Имав купено масло Total Quartz 9000 Future NFC 5w30 што е екстра масло (со оглед на цената од 2250 ден.) и филтри Filtron од Мега Ауто Партс.
Работата е што дечкото не сака да се замара со твоето возило ако не си купил филтри и масло од кај него.
Такви сервиси не ми требаат мене ич.
Кога го спомнав маслото, Ford Fikus прашуваше за препорака. Јас разгледував веќе некое време што масло да ставам, па отидов на варијанта на Total Quartz 9000 Future NFC масло што е исклучително направено за Ford со спецификација WSS-M2C913-B.