Не го велам ова заради тоа што нема да одам, туку чисто да кажам дека немаме ние култура за ваков собир. Не зборам за изложба. Видов Битола што се случуваше. Се паркираа колите и почна гужвата. Затворен простор од луѓе и в средина некој шо шлајфова на седум илјади обртаи со Бемвето. Петка. Седумка. Имаше и 316ки.. Извадени мобилни и апарати за снимање, како да виделе гола мечка оро кај што игра. Имаше и такви што шлајфоваа околу коли. Ме фаќаше страв и ми идеше да си заминам, не дај боже, некој ќе се залепи во некоја паркирана кола.
Верувам дека истото ќе се случува и Скопје на 25ти. Камо да не е така. Убаво да си помините.
Еве чисто да видите како треба да изгледа еден собир/изложба на Бемве. Сликите се од настанот Bimmerfest, како официјален кој се одржува во неколку региони низ Светов. Западен, источен, Европски, Амерички итн. Баш изложба како што треба. Паркирани коли од најстаро до најново во трева, музика, јадење и пиење.


Пред или после настанот, прават тури со возење. Ова беше најавено и во собирот во Битола, но од шлајфовањата ваљда немаа време за тоа.

Знам дека ова не можиме да го постигниме кај нас, но можи да се допри барем дел од тоа.
Сега можи некој ќе речи: „Ами, напрај бе ти поубав собир!“.
Не реков дека можам да направам, напротив, само пишувам како би требало да изгледа.
Поздрав
