Да се прави custom ремап, према изменети делови на моторот е скапа работа, малтене како да правиш нов софтвер за компјутерот и посолено е, два до три пати поскапо од за стандард мотор.Треба многу знаење преде се од работата на моторите со внатрешн согорување, па до самото ремапирање, па извежбано уво,многу пробни возења и неизбежното дино.Се користат емулатори -како замена на чиповите и од кога се ќе биде скроено по мерка , се впишува трајно во самиот компјутер.Требаат и тестери заследење на live параметрите, додатни мерачи итн.Кој мисли дека од фотеља, на компјутер ќе го среди сето тоа, гадно се лаже себеси, а доколку работи на туѓи коли и другите.Знам за многу моторчиња процветани, правени од фотеља и по логиката , уште малку boost, гориво, палење....
Колку повеќе навлегувам во ова како техничко лице кое само ја извршува промената на софтверот, а се интересирам и за другите работи, сфаќам дека имам уште многу муви за лапање, да дојдам до мојот прв обработен ремап.