@cs166:
И да имам 200.000 евра, Ferrari не ми е прв на список. Не ми е ни 10-ти. И наместо толку слепо да го браниш Ферари (а тоа го правиш) размисли и прифати дека ова е страшно погрешен чекор за Ферари како бренд. Сите се утепуваат да остават подобар впечаток кај муштериите и потенцијалните муштерии, а за бренд како Ферари ова е грешка. Ферари е марка што деца ја сакаат, што ја лепат на постери по зидови, за која што сонуваат кога се деца. И кога на дете што умира од рак и толку многу ти го сака брендот што сака да му биде на урната така маестрално ќе му го прегазиш сонот, за мене си нечовек.
Ферари е Ферари, и тука нема муабет.. Ама не се ни они безгрешни, а вакви работи се особено глупави и срамотни за компанијата и за брендот. И воопшто не е рекла-казала туку е евидентиран и документиран случај, кој итекако ќе влијае на перцепцијата што ја имаат луѓето за Ферари.
И не мешај Хјундаи вс Мустанг во темава. A good offense is the best defense, тоа ми е многу јасно, ама нема потреба од тој муабет во оваа тема.