Се трудат да ги стигнат Audi во бројот на изведби на А4


Ти некако другачие ги гледаш работите. Сите знаат дека во Италија, на прво место е папата, на второ место е CEO на FIAT, па потоа доаѓаат Берлускони и мафија

На FIAT не му требаат пари, на FIAT му треба ново раководство. Не како ќе му прдне на маркионе да ги пренасочува парите, кај што полесно се умножуваат. Ако продолжи вака да скока од кол на кол, еден ден ќе заврши со кол у г`с.
Alfa ја сотре, по Giulietta - мрак. Ако угаснеш модел (159,166), потоа оживувањето и привлекувањето на потенцијални купувачи е макотрпна работа. На крајот на краиштата - ги изгубил сите оние кои би купиле замена за 159 (од било која причина). Тие отишле веќе кај конкуренцијата.
Lancia ја сотре. Ја остави на еден модел. Зошто? Затоа што нема асална стратегија за брендовите под своја капа. Порано убаво се знаеше, FIAT за плебис, Alfa за будали, Lancia за богати екстраваганти. Сега?! Што направи од 2005 наваму? За 10 години - чорба, и тоа
Боршт.
Најмал проблем се 16-те верзии на 500, проблем е што нема (барем) 3 верзии на Bravo, што нема Chroma, што нема достојна замена за Grande Punto, што нема Lancia Delta, Thesis, Thema и слични, што нема замена за 159, замена за 166...
Значи еден, единствен човек ги влече конците на целата индустрија. Како ќе му текне - така прави. Само за да ги задоволи инвеститорите и да им донесе дивиденда на крајот на годината. А со тоа и да си ја држи цврсто својата топ позиција. Еден ден, веќе ќе нема со што да жонглира, барем во Европа. Ќе тресне FIAT ко` крушка, ако нешто експресно не превземе со FIAT i Alfa (ја отпишавме Lancia веќе).