Автор Тема: Најдобро возило од Б-Сегмент  (Прочитано 18779 пати)

Отсутен ile232

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Најдобро возило од Б-Сегмент
« на: 23 Јануари 2011, 12:15:12 pm »
od ovie koli i red drugi koli vo taa mali gradski koli koja e poubava vo sekoj pogled
« Последно менување: 23 Јануари 2011, 15:29:44 pm zeroSignal »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #1 на: 23 Јануари 2011, 12:24:32 pm »
1. VW Polo
2. Ford Fiesta
3. Fiat 500
4. Toyota Yaris
5. Honda Jazz


P.S. Zero aj koga ke premestis ili nesto zabrisi gi mislenjata za premestuvanje... Cela tema taka pocinja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #2 на: 23 Јануари 2011, 12:27:44 pm »
od ovie koli i red drugi koli vo taa mali gradski koli koja e poubava vo sekoj pogled

Бараш убава или нешто друго? Пошто убавина е прашање на вкус т.е. тоа што мене може да ми е убаво, тебе може да ти е дуборез у глина (not in the good way :))
Башка глеам дека имаш турено и некои малце постари количиња (Hyundai Getz, Citroen Saxo), така да, ако можеш, прецизирај ја малку темата, кон што сакаш да се обрне внимание.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #3 на: 23 Јануари 2011, 12:36:36 pm »
1. VW Polo
2. Ford Fiesta
3. Fiat 500
4. Toyota Yaris
5. Honda Jazz


P.S. Zero aj koga ke premestis ili nesto zabrisi gi mislenjata za premestuvanje... Cela tema taka pocinja.
Листата горе-долу е ОК, ама не сваќам по кој критериум е најдобро полото?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2011, 12:41:42 pm »
А и по кој критериум е најлоша хондата :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2011, 12:46:53 pm »
А и по кој критериум е најлоша хондата :D
Скапа е за добиеното, делува како комбе, гласна е внатре, не ми се допаѓа премногу од надвор, задното седиште е како клупа, се гледа железо внатре, вратите се затвораат со ефтин звук... И е далеку од најлоша, туку е на 5то место, што е и те како високо.
1. VW Polo
2. Ford Fiesta
3. Fiat 500
4. Toyota Yaris
5. Honda Jazz


P.S. Zero aj koga ke premestis ili nesto zabrisi gi mislenjata za premestuvanje... Cela tema taka pocinja.
Листата горе-долу е ОК, ама не сваќам по кој критериум е најдобро полото?
По изглед, по квалитет, по марка, по мотори, по изработка, по седишта, по внатрешно осветлување и внатрешен изглед (плаво/црвено), по управливост, по комфор, по рафинираност, по употребени матерјали, по марка... Не дека се другите лоши, туку се на 2ро, 3то, 4то и 5то место.
« Последно менување: 23 Јануари 2011, 12:49:07 pm Deni »

Отсутен ile232

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2011, 12:49:58 pm »
neznam ama fiatite se nesto nekvalitetni vozila a za wv se dosta dobri vozila samo sto imaat kruta amotrizacija i mislam se vozam vo zastavino a mislam deka hyundaito e nesto super vozilo za nas standart kvalitetni izdrzlivi i najvazno imaat meka amortizacija

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2011, 14:05:05 pm »
По изглед, по квалитет, по марка, по мотори, по изработка, по седишта, по внатрешно осветлување и внатрешен изглед (плаво/црвено), по управливост, по комфор, по рафинираност, по употребени матерјали, по марка... Не дека се другите лоши, туку се на 2ро, 3то, 4то и 5то место.
Дени, мислам дека си пристрасен кон VW и тоа е оправдано во твојот случај ;). Изгледот и марката неможат да бидат објективни критеируми по ниедна логика. Во внатрешност воопшто не е подобра од другите. Всушност изгледа доста поефтино од Фиат 500. За упрaвливост има најлоши оценки, многу пониски од оние на другите. Комфорот и квалитетот на изработка се просечни. Според Top Gear:

VW Polo: Comfort 12/20; Performance 08/20; Cool 10/20; Quality 13/20; Handling 08/20; Practicality 11/20; Runing costs 19/20
Overall: 11.6

Ford Fiesta: Comfort 14/20; Performance 09/20; Cool 08/20; Quality 12/20; Handling 15/20; Practicality 11/20; Runing costs 19/20
Overall: 12.6

Fiat 500: Comfort 10/20; Performance 10/20; Cool 18/20; Quality 15/20; Handling 12/20; Practicality 06/20; Runing costs 20/20
Overall: 13.0

Toyota Yaris: Comfort 10/20; Performance 11/20; Cool 09/20; Quality 10/20; Handling 13/20; Practicality 10/20; Runing costs 19/20
Overall: 11.7

Honda Jazz: Comfort 12/20; Performance 10/20; Cool 07/20; Quality 17/20; Handling 11/20; Practicality 17/20; Runing costs 19/20
Overall: 13.3

Според Top Gear, VW Polo од набројаниве е на последно место, а листата изгледа вака:
1) Honda Jazz, 13.3
2) Fiat 500, 13.0
3) Ford Fiesta, 12.6
4) Toyta Yaris, 11.7
5) VW Polo, 11.6

Ако го одземеме критериумот cool, како субјективен, тогаш VW Polo и Toyota Yaris се еднакво рангинрани и го делат последното место.
« Последно менување: 23 Јануари 2011, 14:06:42 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2011, 14:14:44 pm »
ете за тоа зборував :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #9 на: 23 Јануари 2011, 14:29:13 pm »
А што се зафативте со мене? Кажи си мислење. Внатрешноста во Поло е фантазија за другите. Сите овие возила ги имаат познаници и сум се возел во истите. Стариот џез е убедливо, без никаква дискусија на убедливо последно место. Незнам што не е јасно тука. Новиот џез не сум го возел, ама сум се возел и е горе-долу ист. Сите имаат повеќе перформанс од Поло? Ха, можеби пред ТСи ерата. А сега Поло ТСи е поефтино од сите други и не дискутирам кое имало перформанси. Бла, бла.
Кажи си што мислиш од свое лично искуство. Според мене Полото и Фиестата се далеку на првото место, проследени со Фиат 500, Јарис, па Џез. Сте виделе ли воопшто црно Поло? Очигледно не. Фантастично изгледа.
ете за тоа зборував :D
Не дека знаеш за што зборуваше, туку ти се допадна коментарот, па кажа.

П.С. Да рефразирам, кога би купувал, вака би избрал јас. Исклучиво вака. А кога би препорачал, би препорачал вака, и исклучиво вака. Нормално ако се може Голф, прво Голф.
« Последно менување: 23 Јануари 2011, 14:33:13 pm Deni »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #10 на: 23 Јануари 2011, 14:38:18 pm »
ете за тоа зборував :D
Не дека знаеш за што зборуваше, туку ти се допадна коментарот, па кажа.

Немора одма да напаѓаш, инаку ЗНАЕВ затоа што сега брзо гледав на topgear сајтот некои тестови токму за honda jazz ама ме мрзеше да побарам за да ставам на форум, ете гојдо најде и постави токму така како што е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #11 на: 23 Јануари 2011, 14:43:33 pm »
ете за тоа зборував :D
Не дека знаеш за што зборуваше, туку ти се допадна коментарот, па кажа.

Немора одма да напаѓаш, инаку ЗНАЕВ затоа што сега брзо гледав на topgear сајтот некои тестови токму за honda jazz ама ме мрзеше да побарам за да ставам на форум, ете гојдо најде и постави токму така како што е.
Како ти би ги посатвил своите топ 5, и зошто? А ти Гојдо? Или немате свое искуство...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #12 на: 23 Јануари 2011, 14:52:03 pm »
Би си ги поставил како што се поставени од страна на топгеар, само што можеби полото би го ставил пред фиат 500, инаку немам толкаво искуство а верувам и ти не ги тестираше на стаза како што треба за да оцениш правилно управливост, перформанси и слично туку ги спореди по внатрешноста и бучноста. Инаку би одел по овие резултати што се истакнати затоа што неможам да ги земам сите модели и да ги тестирам. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #13 на: 23 Јануари 2011, 14:58:31 pm »
Би си ги поставил како што се поставени од страна на топгеар, само што можеби полото би го ставил пред фиат 500, инаку немам толкаво искуство а верувам и ти не ги тестираше на стаза како што треба за да оцениш правилно управливост, перформанси и слично туку ги спореди по внатрешноста и бучноста. Инаку би одел по овие резултати што се истакнати затоа што неможам да ги земам сите модели и да ги тестирам. 
Немора стаза за да увидиш разлики. Еве одма ќе ти кажам. Чувство на волано, тежина на воланот, чувство на менувачот, тежина на менувачот, држење на седиштата, позиција на возење, задна прегледност, задна клупа, мртви точки на поглед, поставеност и ефикасност на движењето на бришачите, палење на високи и средни фарови заедно (да не се гасат средните кога возиш со високи), префинетост на кочниците и слични ситници. И тоа само за внатрешноста што ја спомна. Веднаш ќе ти кажам кај сите што чини и нечини. Ама нормално не возам на стаза па не ми ни треба тест на стаза. Ми треба тест на Партизанска и на Стража.

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #14 на: 23 Јануари 2011, 15:26:56 pm »
Мене лично прв избор од оваа класа би ми бил Grande Punto (не Evo). Најубаво ми изглеа, има солидни мотори, квалитетни материјали во внатрешноста, доста пристапна цена.... Полото унутра е ко Голф 3 така да не ми е јасно како може тоа ауто да биде кул како што има на некој тест


П.С.

Предлог до администрација да се преименува темава во "Најдобро возило од Б сегментот" или нешто слично пошо вака многу грдо изгледа/звучи
I don't discriminate, I hate