Штом прима се (сепак и јас го знаев и ти само ми потврди дека овој мотор е развиван за стари спецификации на масла кои се на минерална база), а јас моментално користам масло од една средина која е подобра од оној минимум што треба да го ставам во овој мотор.
Мене упатството ми бара оној минимум од погоре според категоријата на масла на која си ги поделил, и успат ми вели на 15 000 км да го менувам.
Јас посекако не го чувам 15 000 затоа што ти наведов дека 15 000 би ги направил тек после 2 до 3 години возење.
И сигурен сум дека и понатаму ке продолжам со 10w пошто сигурен сум дека сум еден од ретките што става 10-ка масло во оваа марка на возило, нема некој таков што вози овакво возило а да не става минимум 15-40.
На лубрикантот, тие ми се двата избора што ти ги наведов погоре пошто другаров не ја увезува целата палета на масла што ја нуди фабриката.
Исто така и не увезува минерални масла 15-40 и 20-50 затоа што 15-40 денес веке никој не му користи, освен некои како нас од постара генерација на возила и успат 15-40 ми има кажано другаров, уште од фабрика набавната цена му е висока и тука треба да го продава по повисока цена од 10-40ките што ги увезува.
Од маслава што ми ги нудиш, еве конкретен пример мотулот 6100. Знаеш колку му е цената на тоа масло во 5 литарска канта ? 2150 денари.
Не фала, ти реков претходно што и како во однос на цената, се надевам ме читаш, не ми ги скокаш постовите. Фулл синтетски масла здравје боже на следното возило, се надевам далеку поново од ова.
Фала ти уште еднаш на советите и препораките, на следното поново возило се надевам би ги применувал овие совети, на сегашново што го возам, премија му е што ем му ставам 10w, ем и редовно му го променувам, можеби месец-два ке прекорачам, али во границите на одредена толеранција.
Ја кога ја купив, на последната фактура (сервисите и биле правени во Кико фаворит), постојано ставале фина масло и газдата ми ја предаде со масло испод минимумот на шипката.
Неможев да најдам никаде такво масло, па гуглајки од нет, видов дека тоа најверојатно е керка фирма на ЕЛФ, па првично ЕЛФ 15-40 дотурив.
После тоа постојано 10-40ка ставам, првично манол дефендер 10-40, па сега ова 77-цава.