toa sto si koristel 10W ti e negativno, ako se vratis nanazad imav postirano slika so gradacii i klimatski uslovi.
Za MK idealno e vo zima 0W-5W prolet/leto 30-40
0W40 mozes bez nikakvi grizzi da go vozis za toj motor.
Jas ti preporacuvam masla so specifikacija MB-Freigabe 229.50 so gradacija 0W40 i 5W40.
Фала ти на одговорот што ми го даде.
Е сега од друга страна за ова што сум го селектирал од твојот одговор, се согласувам, но и не се согласувам целосно од неколку причини.
Прво, возилото, а и моторот моментално се стари 22 години. Цел животен век тој мотор го прошол со 15-40 градација. Не верувам дека претходно некој газда кога ја поседувал ставал масло со пониска градација од оваа 15-40.
Како второ мене и упатството ми дава градации од 10-40, 15-40 па и 20-50 ми ги препорачува. Јас имам најдено и упатство на чешки на интернет каде што се наведува за поладни клими да се користи 5-40 градација но и тоа е дискутабилно пошто возилото е од 95-та година, а тогаш спецификациите на маслата не се како сегашните.
Еве на пример мојот мотор бара 501.01 спецификација со SH ознака.
Да денес има сеуште масла со 501.01 спецификација, баш тоа погоре во линкот што го постирав дека го возам ја задоволува таа спецификација, но од друга страна SH e многу стара спецификација, SL e понова и подобра.
Трето, самиот мотор. Тој мотор во фелицијата е идентичен како и во старите шкоди, моделите 100, 1000МБ, 120 и така натаму. Тоа се возила од 70-ти и 80-ти години.
Тогаш немаше синтетички масла, па фулл сапс, па модерни спефицикации. Цела Југославија едно масло имала, Модрича и најверојатно само на минерална база со 15-40 и 20-50 градација.
Не верувам дека некој во 95-та година кај нас ставал 0-40 масло или 5-30.
Четврто, на 10-40 маслово, точка на мрзнење според сајтот на лубрикантс му е на -33 степени. Кога ние во Македонија имаме толку ниска температура ?
Дали еден месец се движи температурата во опсег од 0 до -10 степени и тоа е во ноќните часови, додека преку ден е секогаш околу 0, нешто над нула.
Од 12 месеци, само 1 до 2 месеци во годината (декември и јануари) се такви месеци каде што само во ноќните часови температурата знае да падне докај -10 степени.
Тоа и прошлава зима што држеше ладно беше една таква во изминати 15 зими, да држи по -5 до -10 во текот на денот, и -15 до -20 степени во ноќта, 3 недели само, неполн месец, останатите 2-3 месеци од зимата од 0 до +10 степени и потоа постојано потопло.
Петто, цената. 0-40, 5-40, 0-30, 0-40 се сериозно поскапи масла.
Земи го во предвид дека тој мотор во фелиција си троши масло, упатството вели до 300 мл е нормално, и тоа му доаѓа 1 литро на 3000 км. Башка кај мене ми е проблематична бензинската пумпа, малку е крива и од таму ми потпушта масло, на двапати ставав силикон и џабе.
На ауспух немам воопшто никаков чад, ниту плав, ниту црн, сега откако ја репарирав расплињачата, воопшто нема ниту мирис на издувни гасови, ниту некаков чад, али сепак 1 литро на 3000 км дотурам. Според мене не е страшно, еднаш во годината ќе дотурам и ќе го освежам.
Но сепак ако платам 0-40 масло кое е доста скапо, и успат да треба да дотурам еднаш до двапати, не фала, не заслужува тој шкодин мотор такво масло.
Мене со ова масло на лубрикант, филтер за масло и за воздух ме чини 1300 денари.
За цената и соодносот на климата која владее во Македонија, не се тресам за 10-40 што ставам во овој 1.3 мотор на шкода дизајниран во 60-тите или 70-тите години. Ја сум 100% убеден дека прв пат оваа шкода гледа уље со ваква градација, а и доста од фелициите/фаворитите во нашава држава, барем 90% од нив се возени на 15-40 градација, останатите на 20-50.
Исто така моторот е алуминиумски и многу брзо постигнува работна температура. За 3 км возење постигнува работна температура. Мене ова многу ми годи, парно имам после 2-3 минути возење.

За климата во Македонија, гледам многумина се потресуваат за неа, а не сфаќаат дека во Македонија доминира топлото а не ладното.
Најмалку 9 месеци е топло, останатите 3 се поладни, али не екстремни и не се под -5 степени кога се вози возилото, во глобала просекот е 0 до +5 степени преку зимното време кога го возите возилото).