да поголемиот дел од маслата што се продаваат се добиени како нуспродукт од преработка на нафтата
Па не ќе да е така.
Како нуспродукт од преработка на нафта се добива само маслената база. ОД маслена база до масло има ехееее уште колку.
Тоа ти е како да кажеш зошто Џек Даниелс да кошта 1500 денари за литро кога литро 96% алкохол во аптека е 80 денари, тешка и ноторна глупост.
Се ближи сервис на цитроенот дајте совет што уље да ставам се работи за цитроен ц4 2007 година 1.4 90 кс со 110.000 км
Sent from my F5 using Tapatalk
Стави 5-40 градација некое квалитетно масло, Шел, Мобил, Фухс, Ликви моли, Мотул, Тотал, гледај да има декларации, гледај цената да не е сомнително ниска.
Бидејќи доаѓа зима а 500 денари разлика во цена не ти се битни земи од истите брендови 0-40 кое е бајаги подобро зимско масло во принцип и тоа е тоа, нема некоја филозофија.