На E46 318i од 99та година со код на мотор M43B19 со неколку различни масла си штрачкаа подизачите на прво палење. Зимно време кога е поладно знаеа да штракаат дури и до 10тина минути. Со Motul 8100
Xcess 5-40 тој проблем го снема комплетно, дури и зимоска кога беше испод нула температурата. Да не зборам дека во место звукот од под хауба се промени и на ладно и на загреана кола. Кантата од 5 литра имаше декларација од Акома Оил.