Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1963098 пати)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34297
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4455 на: 28 Септември 2016, 17:33:31 pm »
Ако сакаш подобро од 10-40 а со иста градација тогаш 5-40 синтетичко.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4456 на: 28 Септември 2016, 18:08:38 pm »
И јас така би играл ама ај си викам да слушнам и друго мислење.  :D
А марка нешто, цени, поскапи/поевтини, продажни места низ Скопје?


Edit:
Чекај, чекај сеа видов убаво што си пишал..
Како тоа ако сакам 10-40 а да е со иста градација тогаш 5-40 да биде?  ;D

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34297
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4457 на: 28 Септември 2016, 19:20:44 pm »
Хаха, па градацијата е 40. Тоа е индекс на вискозност.
Првата бројка е вискозност на ниски температури, мислам дека на 0 степени
Втората бројка е вискозност на 100 степени, тоест нормална работна темепратура.
Што поголема бројка тоа е погусто.
5-40 е секогаш подобро од 10-40 затоа што на 100 степени имаат иста вискозност а на ниска темепратура 5-40 е поретко, побрзо циркулира, полесно тече и подобро подмачкува од 10-40. При нормална работна температура од 100 степени на пример двете имаат иста градација.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4458 на: 28 Септември 2016, 19:35:48 pm »
Голема благодарност за објаснувањето, незнаев како идат овие работи.  :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4459 на: 28 Септември 2016, 20:10:35 pm »
10-40 полусинтетика - Мотул. Јас мислам дека немаш потреба од  5-40

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4460 на: 28 Септември 2016, 20:12:22 pm »
Хаха, па градацијата е 40. Тоа е индекс на вискозност.
Првата бројка е вискозност на ниски температури, мислам дека на 0 степени
Втората бројка е вискозност на 100 степени, тоест нормална работна темепратура.
Што поголема бројка тоа е погусто.
5-40 е секогаш подобро од 10-40 затоа што на 100 степени имаат иста вискозност а на ниска темепратура 5-40 е поретко, побрзо циркулира, полесно тече и подобро подмачкува од 10-40. При нормална работна температура од 100 степени на пример двете имаат иста градација.

Зависи и од масло до масло. Еве сега ова што го ставив новото масло пред 100 км, иста градација, ама различен производител. На прв поглед кога го ставав, ми делуваше за нијанса како потешко да тече од претходното што го имав, и тоа 10-40, ама ми делуваше поводлесто, знам пред 2-3 месеци имав дотурено, многу лесно течеше, баш како вода, додека со ова новово не е тој случај.
Башка со претходното масло на ладен мотор уште на верглање што се вели ја гасеше сијаличката за притисок на маслото, додека со новово како за нијанса поспоро да ја гаси, до максимум 1 секунда после палење ја гаси. Ова само на ладен мотор, на загреан не.
Кога ги споредував спецификациите, ова новово има за нијанса повисоки вредности на вискозност него претходното, пример Манолот што го имав имаше 14.07 вискозност на 100 степена, додека ова има 14.2 и така натаму.
Исто така со претходното масло малку ми потфрлаше плавкаст дим преку ауспух, се губеше одма, али пак се забележуваше по малку, додека со ова сега нема никаков дим на ауспух и при полна туража.

Иначе ова е маслото:
 

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8949
  • Пичлеме
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4461 на: 28 Септември 2016, 20:16:39 pm »
Абе да си речиме меѓусебно, за старудии од овај ранг (иста имам) многу притресвање не мора, коси кубење и слично. 5 години користам 10-40 Арал Блу Троник. Мака си нема, плус не го ни троши, на 10 000 дотурам 200мл, еднаш ми се десе да бувнам 400мл, ги извозив тие километри на отворено. Не сум пробал Ликви Моли 10-40, ама во план ми е.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4462 на: 28 Септември 2016, 20:20:51 pm »
Па и прав си да ти кажам право.  ;D

За ова збориш, сакаш да го пробаш?


Ова е 1300 го гледав а Вурт што го користам моментало е 1600 за 5л.
И што е финтата, понеквалитетно е или?

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8949
  • Пичлеме
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4463 на: 28 Септември 2016, 20:28:39 pm »
Ова:

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3226
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4464 на: 28 Септември 2016, 20:40:04 pm »
Za tipot na masloto zavisi i tipot na motorot negovata konstrukcija te. uljna pumpa kanali za maslo tolerancii na delovite vo motorot itn

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4465 на: 28 Септември 2016, 21:29:25 pm »

Мислење зa цениве?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4466 на: 28 Септември 2016, 21:32:29 pm »
^^ Сликите изглеа од овој сајт му се ;D

http://www.automotorblog.com/watch-counterfeit-engine-oil-russia/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4467 на: 28 Септември 2016, 21:34:56 pm »
Епa зaтoa сумливи ми се цениве зa кaстрoл и тoтaл

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34297
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4468 на: 28 Септември 2016, 21:53:32 pm »
Па и прав си да ти кажам право.  ;D

За ова збориш, сакаш да го пробаш?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова е 1300 го гледав а Вурт што го користам моментало е 1600 за 5л.
И што е финтата, понеквалитетно е или?
Е пази сега. Ова LM што е со портокалова налепница е произведено наводно од рециклирани масла. Гледам по документацијата, кога се увезува масло, за ова портокаловово доаѓа сертификат од производителот дека одреден процент од истото е од рециклирана суровина. Производителот мислам дека е субвенциониран делумно па затоа е и поефтино. А имаш исто такви 10-40 светла сина боја, за него нема сертификат.
Не сум стигнал да проанализирам за разликите во перформансите меѓу нови масла и оние со база од рециклирано масло, ама ме интересира па ќе видам. Според спецификации имаат исти карактеристики. Од сите производители би требало да има такви видови масла. Ова ново ми е како информација па не сум проанализирал.

@Filo, мислам дека според брзината на течењето на маслото не би можело да се направи разлика која градација е. Барем не сум слушнал да има некој показател. А тоа дека има различни фалсификати мислам дека е бајаги дискутирано на темава. А можеби е и до адитивите. Знам дека дел од адитивите не го задржуваат својството низ целиот животен циклус во моторот. На некој линк што Симо го прати пред некој месец ова го прочитав, дека непосредно при ставањето некои масла имаат одредени карактеристики па после ги губат, зависно од адитивите што ги имаат.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #4469 на: 28 Септември 2016, 21:59:05 pm »
Нормално е да има некоја разлика, и според цената ќе приметиш разлика.
Сподели некоја информација ако дознаеш нешто  :D
Интересно, не сум знаел дека има и вакви масла.