Далеку сум од редовен сервис, ама не е лошо полека-полека да се снабдувам. Пошто ОМВ веќе нема во МК (мамицата), а надвор од нашите граници е прескапо (20 евра за литар, тука беше 550 денари), морам да барам алтернатива. Во моментов, се е сведено на Fuchs Titan GT1 ProFlex 5w30 што задоволува dexos2 стандард, и Motul Specific 5w30 - исто dexos2.
Цената на 5 литарска канта на Fuchs е негде околу 2.500 денари, а Motul 3.300, исто 5 литри.
Прашање и консултација - дали вреди разликата за парите, и што да земам? Што би одбрале вие, што би ме советувале? Сте имале ли искуство со овие масла?