Да пишам и јас искуство со уље.Hyundai I30 1.4 бензинец го имам од 2008 ново од салон.До сега имам поминато 112,000 км(фала богу без никаков квар)Од почеток додека беше под гаранција(5 Години)во првите 3 години му ставаа castrol 5-40,полсе тоа сменија и од 2011 ставват Shell Helix Ultra 5W-40.Последен пат кај нив правев промена во 2013 со Shell Helix Ultra 5W-40.Во 2014 правев промена во Praga vo ovlasten servis za Hyundai и исто ми ставија Shell Helix Ultra 5W-40 само ми пишаа следна промена на 20.000км.(Муабетот ми е кај нас лоповиве додека си под гаранција на 10,000 ти вика следно менување)Со двете бев задоволен не трошеше ни капка од промена до промена.Со тоа уље од Praga што го сменив поминав 14,000 км и викам уште до Београд да одам и ке го сменам.И нормално пред пат проверувам уље(мада знам дека не троши)уљето како сега да си го ставил како мед,колегава се чудеше какво е после 14,000 км,нормално немаше потрошено капка.Јас искрено мислам дека кај нас не е исти квалитетот на уљето,предходно од кај нас во Hyundai сум дигал шипка и не било такво после 10,000 а не после 14,000 тоа е мое мислење.Се вратив од Београд и си купив motul 8100 X-Cess 5w40 4л 2240 денари да му дадам шанса и manebenz ми даде добра цена додека беше попустот на Shell Helix Ultra 5W-40 4л 1920 (На моторот му ставам само мотул и е закон за мотори и не го менувам).Фала на пецони ми излезе во пресрет со 4л кантата (Знае он да не разглабам)Го сменив пред 1 месец и после 1000 км можам да кажам дека уљето е топ.Машината се смири сега на семафор со изгаснато радио не се слуша како да е изгасната колата(а и со новите CP5 Continental :-D)како да возам нова кола извадена од салон.Не дека и Shell Helix Ultra 5W-40 и castrol 5-40(само ако е оргинал) не се добри ама мислам дека мотулов е над нив.Сега за сега сум презадоволен па монатаму ке видеме после 5-10.000км како ке се понаша и дали ке го троши.Мислам дека вреди да се дадат 300-500 денари како во мојов случај за Моtul.Јас се распишав :-)тоа е моето искуство и мислење za motul.