Мотул масло ми ставеа од овластениот сеат сервис на леонот и не знам зошто, но последниот сервис ми ставија репсол ( фабрички препорачано масло), што да ви кажам... леонот и така е тивок но со репсолот неам зборови, сосемаааа друго работи, уште 50% по мирен, брегаста толку совршено удира на вентилите да ти е мерак да ги слушнеш, турбината толку убавво звучи - ми се чини како лавот да воздишува, така да наредниот сервис сега во Порше ќе видам дали оние точат репсол еволутион, ако не тогаш мора да најдам од некој овластен за ова масло во Македонија, инаку Мотул 8100 по препорака на еден член од форумот си стаив во голфот тди - пд, и презадоволен сум како делува на дизелот, нема воопшто дим, моторот работи чисто и тивко, ќе видам за неколку км колку на колку ќе се потроши.