Сме збореле и порано, при употреба на послабо квалитетно уље на загреан мотор во лер гас притисокот е околу 2 бари, освен во првите 1000 км кога уљето е тазе. Препораката за користење 10w-60 кај Твин Спарк е токму поради ова својство на маслото кое и загреано држи висок притисок а со тоа се овозможува подмачкување на варијаторот во за него активните обртаи - до 4000, затоа и е сменета првобитната препорака од Алфа Ромео за Твин Спарк место 10w40 да се користи 10w60. До 6000 обртаи притисокот расте за 0.5 - 1 бар и максимална вредност што сум ја добил е 5 бари.
Иначе како што пишав денес во неколку теми, моторот е во одлична форма