Ко го купив Дорчо, во него имаше Арал 10-40. Со тоа масло имаше поминато 8000 км (со сигурност тврдам, оти тој шо ми го продаде ми е пријател, а тој шо го сменуваше маслото ми е другарче од роџење

).
Дорчо го купив во февруари 2012 и сите знајме шо кркавме оваа зима, особено тој период (особено во Битола

). Колата немаше никакво гајле. Прво палење со два пати греење, заради грев шо ми беше

. Чакмак. Никакво чукање, лупање, тресење... Убоо си ја поминав зимата.
Пред околу 4000км му сменив исто, Арал 10-40. Претежно градска вожња и неколку пати до Охрид ( и малку дување до Скопје). Масло ич нема потрошено. Како беше од првиот ден на шипката, така е и сега. До 10000км ќе видиме, ама за сега добро се покажва.
Немам никаков проблем, следнио пат пак такво планирам да ставам.