Е затоа е важна градацијата, а не мене фабриката ми препорачува 5w-30 на пример ... Зависи дали живиш Африка или Сибир, НИЈЕ СВЕЈЕДНО ! 
Податокот што фабриката ти препорачува ти е од упатството за употреба на возилото, што го добиваш со самата кола.Е тоа упатство кај нас се преведува од тие што се наменети (на пример за твојата кола) за во Германија.
Нашиве стручњаци овде го преведуваат до буква истото и се што важи за во Германија, важи и за Македонија. Арно ама во Германија не важат истите климатски услови како во Македонија.
Некои овде ја симнуваа аутодата, нека проверат таму и нека се прашаат зошто, за различни климатски подрачја препорачуваат, различни вискозности на маслото.Значи не збориме за природата на маслото, минерално, полусинтетско, синтетско,туку за вискозноста, иако и природата на маслото е назначена во аутодата.