Мислење за Ravenol SSF во однос на другите конкуренти?
Некаде имаше напишано како се прави flush на серво, ама не знам каде беше, знам
@Luki Junior ми имаше одговорено. Ако некој ја знае таа процедура нека ја напише, по сервисиве не верувам да прават комплетен flush.
Гледав на руски форум дека прво со шприц испумпуваат колку што можат, потоа го вадат повратното црево (тешко пристапно, зад мотор е), го враќаат, ставаат одредена количина на ново масло, возат со него, па испуштаат и на крај ставаат ново масло, воланот се врти од крај до крај 2 пати, се повозува и се проверува ниво на масло наутро. Мене ми изгледа како добра процедура, а дали без вадење црево може да се направи истото (ќе остани поголема количина, но ќе се повтори уште еднаш)?
Исто така гледам flush прават со 2 литри масло и потоа е скроз чисто. Дали ќе ми стасаат 2 литри, ако кај мене собира 1.0-1.1л?