Јас користам Mannol Elite 7903 5W-40, A3/B4. 1.250,00 денари за 4 литри.
Немам никакви замерки. Потполно исто се понаша колата како да има некое поскапо уље, на ладен старт. Сега, по ладново, 20-30 секунди или 200-300 метри покасно почнува да крева температура за разлика од 5W-30, што за мене е занемарливо.
Ама, кога ќе постигне работна температура, мислам дека е забележително помирна работата на моторот со ова, него со 5W-30.
И на Сузукито користам Mannol. Две промени, исто немам забелешки ни на топло, ни на ладно. И тоа е тука негде со цена мислам...
Бест бај. За цена на едно поскапо уље, со Mannol правам две замени годишно, или на 5-6000 километри.
И да, С3 може да се користи место А3/В4. Наредно, се мислам Mannol со спецификација 504/507 да пробам, мада не сум истражил дали може тоа во Астрата да го користам, иако е С3. Ќе видам...