Меган мк3 1.6 бенз/плин. Елф 5/40
Терај и не му ја мисли

Проверувај редовно ако стои на исто ниво или се намали малку ок е.
Тоа не се ни 150 ml повеќе.
Мирисни ја шипката дали мириса силно на бензин, ако не мириса вози и свиркај си.
Битно е да не е премногу разредено со бензин, сега времето е студено и на ладен старт вбризгува повеќе бензин, и да не е како мајонез ( многу влага што е нормално кај некои коли на капакот каде што се сипува масло бидејќи таму е најладна точка и кондезира, или најлоша варијанта изгорен дихтунг на глава и меша антифриз со масло.
Се зависи каде ја возиш и колку.
Со кратки релации можно е да нема време да согори бензинот што влегол во маслото.
Ако возиш долги релации згази ја во 4 та на 4000 rpm едно 10 км, ќе согори и бензин и влага од маслото.