Чисто од љубопитност ја продолжувам една дискусија што се отвори во Alfa Romeo групата на фб. Знам дека на форумов има доста спремни луѓе што сигурен сум дека ќе дадат соодветен, опширен и стручен одговор.
Дискусијата се однесува само за дизел мотори. Првично беше за фиат и алфа мотори, ама сега ја проширувам за сите дизел мотори, понови, постари сеедно.
Дали при менување на масло во моторот, маслото останува со истата почетна боја, нијанса, како и да љубите или поцрнува со минимална помината километража? Делумно прашањето е и реторичко, со оглед на тоа што знам какво е и веднаш после редовен сервис и моментално (после некои 8500км).
Имаше главно наклонети мислења и искуства кон „поцрнување“, но имаше и поделени ставови дека останува истата боја доколку се користи „квалитетно масло“. Иако сега многу е лабилен тој термин на квалитетно масло.
Фала и кај вас.