Иста приказна и со GM од Аутомакедонија. Затоа ја овластен сервис планирам на 15.000км а на 7500 еднаш сам да си го менувам.
Џабе фрлени пари и труд. Слободно ќе оди 20к километри со исто масло и нема да го троши.
Муабетот ми беше ради фактот што не им верувам дека го празнат целото старо масло. Кај мене маслото мириса на бензин, тоа не ми се допаѓа.
Во поранешниот салон можеше да побараш да се симнеш долу во една просторија со стакла и да гледаш како ти ја сервисираат колата.
Не знам како е во новиот салон ама прашај и може ќе видиш на кој начин го испуштаат маслото.
Немаат во новиотсалон нешто такво. На МИДА не им верувам, имав еден мал дефект, многу непрофесионално настапија па морав да ги плескам за да се вратат во колосек, довербата ја пуштија низ канализација, затоа мора вака, на своја рака со свој памет.
И кај мене потфрлија за еден дефект, така да те разбирам. Што беше дефектот ако не е тајна?
Престана да се затвора левиот ретровизор. Го однесов на сервис под гарантен рок, ми рекоа ааа дечко удрен е ретровизорот. Велам не е удрен, веднаш го приметив кога престана да работи, влегов во кола, се отвори, почнав да возам и откако стигнав дома не се затвори повеќе, башка покажи ми траги каде е удрен. Ама дечко не е удрен него е насилно отворен или затворен. Знаеш овие ретровизори што се со мотор ако со рака ги отвориш или затвориш трајно се оштетуваат. Велам НЕ, не е точно, тие се предвидени насилно да се затвораат затоа што тоа е секојдневно сценарио.
И нееее, не наидов на разбирање, инсистираат дека јас сум го скршил. Велам добро, викни да дојде кој е одговорен за сервис. Дојде одреден тип, објаснува сервисерот а овој клима со глава. Велам добро океј. Сега ќе го шутирам со нога десниот ретровизор 10 пати, ќе го отварам и затворам насилно. Ако се расипе јас ќе си ги платам двата, ако не се расипе ќе си го сервисирате под гарантен рок и ќе дадете гратис 4 вентили со мерење на притисок (за зимските бандажи) и ќе ми се извините за неискреноста и некоректноста.
Добро-добро дечко ќе го средиме ретровизорот, нарачајте ретровизор, штом ќе стигне ќе ти се јавиме. Еве ги уште се јавуваат после пар месеци изгледа ќе треба да одам со катран и пердуви деновиве.