Повторно лупеташ со бројки кој во релниот свет ништо не значат. Иди во сибир и таму докажувај со -47 и -52.
Доколку имаш две масла со исти спецификаци а едното е 5-30 а другото е 0-30 тогаш да, на ладен старт ова второво ќе биде да речеме поретко, моторот полесно ќе запали и маслото побрзо ќе стигне низ моторот насекаде. Дали тоа значи дека 5-30 е полошо масло? Дали тоа значи дека моторот ќе се расипе и нема да издржи 100.000км? За да не бидеме смешни и досадни, спецификацијата е таа што се гледа и треба да се применува, а градацијата оставете ја на страна. Освен се разбира доколку не правиме муабет за какво масло да ставам на голф 3ка или лада самара.
Модерните мотори како најважен фактор за долговечност, е маслото да го задржи квалитетот после 15, 20 или 30к изминати километри, маслото да не произведува гареж т.е. да го намали уделот во произведување на гареж кој што се лепи понатаму и прави проблеми на самиот мотор и дпф/опф (low saps). Така да све е до адитивите и апсолутно неважно дали едното масло ќе смрзено на -65 степени или на -40. Не е ова фајзер вакцина па до толку да влагаме во филмови со температурите.
@vlatko.klp извенете гдине но вие сте вонсериски талент, длабоко извинување што не ја согледав вашата планетарна дарба.
Мора да кажам со восхитување ги читам вашите текстови, дури и сознавам нови работи како на пр. дека:
„Така да све е до адитивите и апсолутно неважно дали едното масло ќе смрзено на -65 степени или на -40“
„на ладен старт ова второво ќе биде да речеме поретко, моторот полесно ќе запали и маслото побрзо ќе стигне низ моторот насекаде„
За жал, вие не разбирате дека дал стартот бил ладен или топол својството на маслото да стигне до моторот побрзо, секогаш ќе е присутно, само во ладниот старт на минус степени е поочигледно и померодавно затоа на ладни минусни температури доаѓа до израз својството на едно масло со градација 0W.
Дали вие колата ја палите во зима, пролет, лето маслото тоа не го знае, тоа масло секогаш побрзо ќе стигне до моторот.
Кога веќе разјаснивме и вие потврдивте дека градацијата и те како игра улога во својствата на едно масло(како ладен старт на пр.), тогаш вие со квантен скок прејдовте на адитиви и спецификации.
Тоа да илустрирам, си земам моја уметничка слобода на сликовита интерпретација би изгледало вака:
Ви аргументирате дека, номиналната вредност на една валута дали е 100 или 50 нема големо значење и самата бројка не е индикатор за квалитетот и куповната моќ на една валута, затоа одма после тоа да дадете пример како 100 денари се многу помалку вредни од 50 евра, иако самите потврдувате, дека сепак 100 денари се повеќе од 50 денари но само тогаш ако тие се споредуваат во Македонија, но не е важна бројката него валутата. Кога се споредувале бројки морало да се обрне внимание и на валутата...
Е бравос ја откривте Америка...