Клабери, едно прашање:
Пред 12000км (04.2019) сменив масло, филтер и се по ред (знам дека е дојдено време да се промени пак).
Пред некој ден го проверувам уљето и гледам дека ми покажува на стапчето 1/3 или така нешто од максимум.
Дали да дополнам со истото масло (користам Селениа 5W-40 веќе со години) или да купам некое друго (било кое 5W-40), колку да дотурам. Знам дека е за комплетно менување, само имам некои други приоритети сега со колата (имам полуосовина за менување), а некако ми е шубе вака да ја возам на 1/3...