Да споделам искуство со моторно масло Кастрол купено кај нас.......
Пред скоро месец дена правев редовен сервис кај Митревски, промена на масло во мотор и сите филтри. Претходниот сервис, исто така кај него, кој беше пред 10000км јас си ги имав набавено деловите од Германија (
@Luki Junior). Овој сервис решив да пробам со делови од кај нас, филтрите мање више битни, повеќе ми беше за моторното масло Кастрол. Кога го договаравме сервисот со Митревски човекот рече дека Кастролот го набавува од Крис и Том и дека става исклучиво од тој и дека досега никој не се пожалил.
Со претходни сознанија дека кај нас преовладува фалц масло Кастрол односно многу тешко е да се најде оригинал Кастрол и со огромна доза на скептицизам, свесно решив да експериментирам и да му дадам шанса на Кастролот купен од МК со соодветните спецификации за моторот. Одма после сервисот приметив дека моторот не ми работи како претходно односно се слушаше некое дополнително "клокотење" што страшно ме нервираше, нешто кое претходно го немаше. Првин си помислив дека е субјективно и дека ќе го снема. Претходно, колата кога работеше во место воопшто и да не се слушаше дека работи а после промената на маслото се слушаше многу побучно. Друго што приметив во гаража е дека мирисот од издувните гасови беше поинтензивен и променет, нешто што претходно го немаше, промена на боја не приметив. Знаев дека гарант е до маслото а за да бидам сигурен си се поплачав на
@zlatkoa (фала за советите и одвоеното време). Бидејќи имав неколку патувања до Софија и Скопје решив да го истестирам да видам дали аномалиите кои ги приметив ќе ги снема. Дополнително приметив дека турбото работи многу побучно а звукот (зуењето) кое претходно го даваше и беше пријатно за слушашње сега воопшто го немаше.
После извозени 1400км и никаква промена на подобро денеска си купив оригинал масло Кастрол од Порше, во туби од 1л и филтер за масло и истите ги сменив кај Митревски. После промената разликата беше огромна односно се се врати на старо. Моторот преде, турбото зуи како бумбар

мераци. На Митревски не му правев рекламација бидејќи и он не може да знае што се продава кај нас, човекот првин не сакаше да прифати дека е до маслото ама го замени без збор дури и ме пушти преку ред за да се заврши работата.
Да не бидам погрешно разбран би сакал да прецизирам некои работи. Пошто сите сме различни тука со различни ставови во дискусиите, некои од нас ќе речат дека нема разлика при промена на различни видови на масла. Јас точно знам како ми работи моторот и во возење и во место и веднаш при промената приметив разлика. Исто така, да не испадне дека го оцрнувам Митревски, напротив кај него нема ништо спорно, имав опција сам да си донесам делови или од кај него, јас избрав од кај него т.е Кастрол купен од МК а денеска вонредно, без претходна најава ми заврши работа. За другите делови што се продаваат во Крис и Том не можам да коментирам но за Кастролот тврдам дека не е оригинал или не е со ист квалитет како германскиот или тој од Порше, исто германски. Ако не друго барем не е ист за мојата кола. Инаку, за тие што не знаат се работи за Голф 7 1.2 ТСИ.
Споделувам сопствено искуство на база на лични согледувања, без никаква интенција за намерно оцрнување на било кого а во интерес на дискусијата која е водена во повеќе наврати претходно, особено за Кастролот кај нас. Следниот сервис пак ќе биде кај Митревски само со Кастрол строго од Германија или Порше. Кастрол купен во МК веќе никогаш па ни тогаш не.
Се извинувам за магистерскиот труд
