@Tischläufer како се покажа спаркот? Потрошувачка на плин во град, цена на сервиси?
7-8 литри плин во град, околу 6.5 бензин на времето, во скоро време не сум го возел на бензин. На отворено плин под 6л со возење до 100-ка.
Сервиси не сум му правел нешто посебно, собира 2,7 литри масло, свеќици Денсо мислам дека 1200 денари за сите 3. Сменив еднаш сет ламела, поттисна кај Жаре, друк лагер на 60.000км, предни дискови и плочки, сега имам околу 130.000км ама не гледам потреба да менувам. И сменети ми се задните амортизери само, мислам дека 800 деанри од амортизер. Регистрацијата му е околу 7000 денари комплет. Дефекти не сум имал никакви, освен едно вентилче за воздух што прави вакуум за бустерот за кочници.
Си најдов добар сервис, имаат квалитетни делови и пар дечки што добро го познаваат возилото, па не штедам воопшто на сервис, мада немало дефекти до сега. И го носам во Аутомакедонија на секои 30.000км за штелување на вентилите, дечките таму одлично си ја знаат работата. Масло Liqui Moly Toptec 4100 5w-40, сменив глицерин, сменив антифриз, масло во менувач и тоа е у принцип.
Едит: Се сетив, ми се скина сајлата за куплунгот... тоест не се скина ама беше разлицната и ќе се скинеше во секој момент, ме фркнаа 60 евра во Аутомакедонија за фабричка нова, ама барем нова и ОЕМ. И во Битола пред десетина години кога беше -18 степени од ладното ми се расипа екранчето за километражата на инструмент таблата, сменето со цела инструмент табла од друг хаварисан Спарк. Сега ми покажува 110.000км поминати а уствари има плус 19.000 поминато.