За 1.5dci 106кс и атмо бензинец на плин.
za diesel so dpf vw 507, porsche c30
za benzinec vw 504 (tuka imas samo 5w30)/ ili
alternativa: 5w40 od MB229.5
https://bevo.mercedes-benz.com/bevolisten/229.5_de.html
Прашање: Не е попаметно да си стави масло кое што е препорачано од Рено и има сертификати ACEA A/B/C (или доколку Рено си има посебни како што има VW 507.xx)?
Не е попаметно. Дали маслото ќе добие на пример Рено сертификат зависи исклучиво од тоа дали Рено и производителот на маслото ќе се договорат за тоа. Ништо повеќе. Администрација.
Денес закажав термин за менување на маслото и сите филтри на BMW-то.
Првата понуда во О-М и Џеповски од 12000 денари за комплет сервис, фатив и посериозно ги разгледав сите варијанти и сите масла на располагање за E60 530d.
Моторот бара масла со спецификација LL-04 и бара 8.25 литри масло. Да, факин 8.25 масло! (кога ќе ми текни Бубата едвај собираше 2.5 литри масло
)
Се изначитав форуми кај што англичаните се колнат во GM Dexos 2 што го ставав во Zafira-та, кое воедно ги задоволува LL-04 а е релативно ефтино.
5л е 1700 денари како што се сеќавам.
Сепак некако не се нафаќав да ставам GM масло во BMW.
Следно се сетив на Petronas. Имаат релативно добри масла, па почнав да чепкам со спецификации и конкретно за овој мотор е Petronas Syntium 5000 XS.
Официјален увозник за Македонија е ФАС-ВАС.
Се јавив да прашам, 1800 денари е 5 литра од ова масло, а со целосна промена на сите филтри и работна рака, *Drum roll* 6000 денари! (Дупло поефтино од овие BMW сервисите).
Се загреав за маслово, читав review-а, го препорачуваат.
На крај налетав на дечково со тестовите на YouTube
Piotr Tester
Дечково има направено направа кај што ги тестира маслава, со ставање на 1кг тег, едно ситно метално делче со одредена димензија, го подмачкува со одредено масло и прави тест.
На крај ја мери разликата на дебелината на делчето пред и после подмачкувањето со масло.
Тоа 0.08, 0.05, 0.12 тоа се mm колкава е разликата после мерењата.
Резултатите се фрапантни од т.н реноменирани произведители
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1fbb9qtL-yWlzDPLzvxzpF01gRRtH8fKxeVtXt6HPpgg/edit#gid=0
Го загледав Total-от, конкретно Total Quartz INEO ECS 5W30.
Резултатите се повеќе од одлични дури зачудувачки.
Споредете ги сите мерења на голем број на масла во Excel табелата, а мислам дека и за секое масло има и видео од истите мерења.
Искрено се разочарав од многу масла што мислев се многу повеќе based on price.
Еве пример
Сите се колнат во масла како:
Castrol Edge Professional Longlife III 5W30 има оштетување од 0,16
Motul 8100 X-Clean+ 5W30 има оштетување од 0,12
Mobil 1 ESP Formula 5W30 0,14
Total Quartz INEO ECS 5W30 0,03
Веднаш се јавив во Euroimpex.
Комплетен сервис 7200 денари со се работна рака и пиење кафе.
4800 денари поефтино од понудата на O-M и Џеповски.
Дечково има стотици видеа, можете во табелата да си видите и за вашите возила што ве интересира.
ЕДИТ: Знам дека можеби ќе речете, друго е во мотор, друго е при работни температури промена на надворешна температура и сл.
Да, држи вода и тоа. Но, ова е мислам доста ригорозен тест и убаво е да се види каква заштита прави маслото на вакво оптерертување. Ако овде потфрли што може тогаш да се очекува на -25*C или на 100 степени загревање летно време и слично.
Ова фино изгледа вака изведено ама имам неколку замерки:
1. 5 минути е премногу малку време за разликите во мерењата да се меродавни. Јас би го правел тестот 24 часа по масло.
2. Апаратчето за мерење растојание ми изгледа неквалитетно и непрецизно
3. Во табелата фалат податоци, како да не ги направил тестовите на ладно и загреано, па не може да с енаправи квалитетна споредба.
Се мислам дали да почнувам детална анализа на добиениве резултати.
Сакам да направам статистичка анализа на податоциве да истражам дали постои корелација помеѓу градацијата на маслото и резултатите и дали постои корелација температура на маслото и резултатите.
Ама некако не сум уверен дека резултатите му се конзистентни и дека ќе вреди времето потрошено. За некои масла на пример се поклошува со други тестови за некои не. На пример, лошиот резултат на мотул се поклопува со лошиот резултат на други тестови. Добриот резултат на Тотал 9000 не се поклопува со лошиот резултат во други тестови. Лошиот резултат на Топтек 4100 не се поклопува со одличниот резултат на друг тест.
Јас предлагам да направиме ние ваков сличен тест, еден workshot. Ни треба само некој подрум и некои елементи што не сметам дека е скапо и проблематично да се изведат.