Денес закажав термин за менување на маслото и сите филтри на BMW-то.
Првата понуда во О-М и Џеповски од 12000 денари за комплет сервис, фатив и посериозно ги разгледав сите варијанти и сите масла на располагање за E60 530d.
Моторот бара масла со спецификација LL-04 и бара 8.25 литри масло. Да, факин
8.25 масло! (кога ќе ми текни Бубата едвај собираше 2.5 литри масло

)
Се изначитав форуми кај што англичаните се колнат во GM Dexos 2 што го ставав во Zafira-та, кое воедно ги задоволува LL-04 а е релативно ефтино.
5л е 1700 денари како што се сеќавам.
Сепак некако не се нафаќав да ставам GM масло во BMW.
Следно се сетив на Petronas. Имаат релативно добри масла, па почнав да чепкам со спецификации и конкретно за овој мотор е Petronas Syntium 5000 XS.
Официјален увозник за Македонија е ФАС-ВАС.
Се јавив да прашам, 1800 денари е 5 литра од ова масло, а со целосна промена на сите филтри и работна рака, *Drum roll* 6000 денари! (Дупло поефтино од овие BMW сервисите).
Се загреав за маслово, читав review-а, го препорачуваат.
На крај налетав на дечково со тестовите на YouTube
Piotr TesterДечково има направено направа кај што ги тестира маслава, со ставање на 1кг тег, едно ситно метално делче со одредена димензија, го подмачкува со одредено масло и прави тест.
На крај ја мери разликата на дебелината на делчето пред и после подмачкувањето со масло.
Тоа 0.08, 0.05, 0.12 тоа се mm колкава е разликата после мерењата.
Резултатите се фрапантни од т.н реноменирани произведители
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1fbb9qtL-yWlzDPLzvxzpF01gRRtH8fKxeVtXt6HPpgg/edit#gid=0Го загледав Total-от, конкретно Total Quartz INEO ECS 5W30.
Резултатите се повеќе од одлични дури зачудувачки.
Споредете ги сите мерења на голем број на масла во Excel табелата, а мислам дека и за секое масло има и видео од истите мерења.
Искрено се разочарав од многу масла што мислев се многу повеќе based on price.
Еве пример
Сите се колнат во масла како:
Castrol Edge Professional Longlife III 5W30 има оштетување од 0,16
Motul 8100 X-Clean+ 5W30 има оштетување од 0,12
Mobil 1 ESP Formula 5W30 0,14
Total Quartz INEO ECS 5W30
0,03Веднаш се јавив во Euroimpex.
Комплетен сервис 7200 денари со се работна рака и пиење кафе.
4800 денари поефтино од понудата на O-M и Џеповски.
Дечково има стотици видеа, можете во табелата да си видите и за вашите возила што ве интересира.
ЕДИТ: Знам дека можеби ќе речете, друго е во мотор, друго е при работни температури промена на надворешна температура и сл.
Да, држи вода и тоа. Но, ова е мислам доста ригорозен тест и убаво е да се види каква заштита прави маслото на вакво оптерертување. Ако овде потфрли што може тогаш да се очекува на -25*C или на 100 степени загревање летно време и слично.