Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1724598 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #450 на: 08 Април 2012, 01:45:59 am »
Значи ако земам Liqui Moly, само се тешам дека е нешто оригинал и дека нема да поцрне за 200 км?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #451 на: 08 Април 2012, 01:47:24 am »
Поцрнувањето нема везе со особините на уљето, туку со детергентите во него. Земи MoS2 уље од LM и нема да имаш проблеш со тоа :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #452 на: 08 Април 2012, 01:50:52 am »
Какво сакаш стави уље во моторот мора да се зацрни...Пошто ти претходното не можеш да го извадиш, а останало зацрнето, + при работа на моторот самото масло зацрнува од 300 работи при согорување на горивото итн...

Ако не зацрни, значи дека не подмачкува :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #453 на: 08 Април 2012, 02:08:10 am »
Муабетот ми беше „што и да земам пак сум се заебал оти земам од Македонија“.

Сеедно, се консултирав со Џиџи, и имам уште 1000 километри за одлучување дали ќе биде 5w или 10w.

Комбинирано ќе биде со Ceratec, и очекувам драстично помирна работа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #454 на: 08 Април 2012, 06:58:44 am »
Значи ако земам Liqui Moly, само се тешам дека е нешто оригинал и дека нема да поцрне за 200 км?



 Liqui Moly 10w-40 или 5w-40 фабрички е црно. Кога ќе го видиш ќе си помислиш дека уљето е користено.  ;D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #455 на: 08 Април 2012, 08:59:48 am »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #456 на: 08 Април 2012, 12:20:25 pm »
Ја незнам зошто милада од фабрика не им ставаат :)
Ако уљето е добро, и ако моторот ти е добар, не гледам причина да додавање никаков адитив...
Адитив се додава ако се сомневаш во нешто или пак ако нешто е пред рикање, а не ти се даваат се уште многу пари и сакаш да доистера...Јас барем така ги разбирам адитивите за маслата...
Моеби грешам, но не верувам дека сум попаметен од инжинерите кои го имаат направено составот на маслото...
Стандардите се за сите исти...
99% од комерцијалните масла се со ист состав, задоволуваат исти стандарди, користат во 70% исти адитиви, односно по хемиски состав тие се адитивите...
Не може мобил да става (сеа лупам безвезе) железни струготини, а Шел да става дрвени струготини???И овие ке ставааат железни, но може да е различна големината, но според светски стандарди, и едниот влегува во спецификација и другиот влегува во спецификација...

Во принцип незнам дали знаете како се произведува маслото?
Основата е иста на сите, единствено има разлика во мешањето и додавањето на адитивите и нивниот сооднос...Тоа е филозофијата...
И сега на готово масло, вие му доадвате + адитиви...Зошто?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #457 на: 08 Април 2012, 12:27:07 pm »
Кратко и јасно, не сите мотори на патиштава се возени со квалитетно масло и во идеални услови на експлоатација.
Некој газел на ладен мотор, некој константно газел над 5000 вртежи, и така натаму.

Конкретно Кератек адитивот донекаде ги „неутрализира“ штетите настанати од таквото возење.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #458 на: 08 Април 2012, 12:30:13 pm »
Квалитетот и цената на уљата зависи од квалитетот и квантитетот на адитивите.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #459 на: 08 Април 2012, 12:54:17 pm »
Рез на цилиндар може да го неутрализира само бушење или хилзнување...истрошена карика може да ја неутрализира само нова соодветна заменска.
Не сум толку стручен на ова поле, но marsher како поупатен  ете може на кратко да ти објасни...
+ ако гледаш така не секој мотор има поминато 50 000 км...

По мене кератекот, милада на руски, ахмалахала по арапски, медовина по српски или како сакаш наречи го е истото само различно спакувано и под различно име...
Е сега, што се оштетува кај останатите делови е друго прашање...односно радилица, летечи, лежечи лагери, па незнам вентили итд итд...Маслото само помага во подмачкувањето на овие делови, и нормално е да квалитетот и редовното менување влијае врз сите нив...Прво..Ако не се менува на време, односно ако поминува многу голем број километри и бла бла бла, уљето ги менува своите особини, односно станува кисело, добива киселински својства...Сите тие својства делуваат негативно врз останатите делови од моторот претходно наброени...Киселината ги нагризува...Како се зголемува киселоста на маслото? Додека моторот работи се ствараат пареи при согорување на горивото во цилиндарот и маслото се врзува со нив, односно се ствара хемиска реакција...Денес, утре, задутре се собира, киселинскиот број се зголемува и се случува она погоре опишаното. Покрај пареи се ствара и гареж, и уште што ти не...Дел од него се исфрла преку издувниот систем, дел кој ке го собере маслото оди во картерот и се таложи и така натака.
Мислам дека ме разбираш што ти кажувам. Значи јас би одел на препорачаната варијанта, односно некоја од тие што ги кажа и ги пишува во книжулето од колата...Адитиви би додал само доколку сметам дека има некаква потреба..Во спротивно не гледам зошто би го направил тоа...

Е сега, еве ти слика од оштетена цементација на едно делче...Најчесто овака изгледаат бреговите на радилиците или брегастите...Дали мислиш дека со додавање на адитив, ке ја подобриш оваа состојба?
Односно сите ги прашувам, и оние поискусните, т.е. механичарите и оние кои разбираат многу многу повеќе од мене во оваа област?

Квалитетот и цената на уљата зависи од квалитетот и квантитетот на адитивите.

Квантитетот и квалитетот на адитивите мора да биде запазен заради добриот сооднос и перформансите односно спецификациите кои ке треба да се добијат при неговото тестирање од страна на службите кои истото треба да го одобрат. Во спротивно целиот бизнис е за џабе...Е сега...Тие критериуми се дефинирани со стандарди (API, CCMC, ASTM, ACEA, SAE) итн. Тие стандарди имаат опсег во кој треба да се движат карактеристиките на маслото, па така да постои граница од до, каде што она што djidji го кажа важи...Но секако сите тие масла кои се на продажба не ги прикажуваат на графикон своите карактеристики, него едноставно тебе како краен потрошувач те интересира дали ја задоволуваат спецификацијата  за твоето твоето возило...Само тоа единствено нешто го добиваш како податок кој важи во цел свет и тоа е така дефинирано....Се она друго е на повисоко ниво и ти немаш увид во него.
Еве го делчето:


едит:
API - American Petroleum Institute
CCMC - Committee of Common Market Automobile Constructors
ASTM - American Society of Testing and Materials
SAE - Society of Automotive Engineers INC, NewYork

Колку да се знае што се кратенките...И јас пола не ги знаеф :)


[датотека избришана од администраторот]
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #460 на: 08 Април 2012, 12:55:58 pm »
Конкретно Кератек адитивот донекаде ги „неутрализира“ штетите настанати од таквото возење.
Не ги неутрализира настанатите штети. Туку го намалува оштетувањето секако доколку веќе го има Кератекот во моторот. Тој служи за превенција а не за ремедијација.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #461 на: 08 Април 2012, 13:01:33 pm »
И затоа не се става на „дооден“ мотор, вакво чудо како превентива - односно додека сеуште „оди“ моторот
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #462 на: 08 Април 2012, 13:03:32 pm »
Ама не ставаат ни од фабрика кога ке ти ја дадат колата нели? Зошто? Затоа што има или што нема потреба?
:)
Каде лежи зајко кукурајко сеа?


Едит:

Инаку еве како за дополнување бидејќи незнам дали Џиџи све има напишано, а и не се сеќавам, од што се изработуваат моторните масла и што се содржат од адитиви:
1. База, која е идентична скоро за секое масло...Односно основа :)
2. Детергенти, односно сапуни, кои имаат аз цел да го одржуваат моторот чист.
3. Инхибитори кои се хемиски елементи кои го штитат моторот од корозија.
4. Антиоксиданси кои му овозможуваат на маслото да ја задржи густината.
5. Хемиски компоненти кои се врзуваат, односно лепат на ѕидовите на металните делови и овозможуваат нивно глатко движење. (Зошто дополнително некој би ставал Кератек или слично?)

Е сега ова се адитиви, додатоци за нормални типови масла.

Кај синтетските типови масла случајот е малку поразличен. Тие се добиваат со хемиски модификации.
Компонентите како полиалфаолефини се додаваат во синтетските масла за да ги подобрат генерално перформансите.
За најточно, стварно не би знаел компонента по компонента која како се додава, но мислам дека и ова е доволно како инфо...
А можда и имам некаде по подрум у книгите, ама нема шанса да се симнам, да листам и да барам...
Едвај ги баталив книгине, сеа неам намера пак да им се навраќам :)
« Последно менување: 08 Април 2012, 13:24:48 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #463 на: 08 Април 2012, 13:24:07 pm »
Затоа што сакаат колат да ја возиш 5-6-7 години а не 15, за да купиш нова.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #464 на: 08 Април 2012, 13:29:24 pm »
Кератек = пудра за лице. Така? Ги покрива микроскопските оштетувања со нанесување на тенок слој на заштитен материјал.

Одлично објаснето SaleSk, секој ден си учам по нешто ново од форумов.

Во поглед на адитиви и дали треба или не треба да се користат, во случајов Кератек, можеби во секое масло има некој си процент на керамичка заштита. Адитивот е истата таа керамичка заштита но концентрирана, во поголем процент од самото масло.
По искуствата на неколку членови со адитивот, без разлика дали биле само психолошки, јас ќе го ставам во моторот, па макар и јас психолошки да го осеќам дека работи помирно.