Еве навлегуваме во 6та година дружење со Алфата, и досега ниеднаш не сум ставил исто уље (пример да испуштам Селениа и Селенија да биде новото).
Пробани масла досега се:
Elf 10w-40 некое си, со колата дојде - го трошеше доста.
Selenia Gold 10w-40 - го трошеше малку помалку од Елфот.
Liqui Moly MoS2 Leichtlauf - од сите најмалку потрошувачка, дури останаа ~300 грама.
Lukoil 10w-40 - второ по најниска потрошувачка, но многу брзо ги изгуби својствата, на 7000 км почнаа да тропкаат вентили, прв пат да ги слушнам. Ќе се менува еве сега на 8000 км со:
Motul 10w-40 6100 Synergie+, воедно најскапо од целата ергела на пробани брендови. Очекувам да соодвествува со цената, али ќе видиме.