Репортажа од Liqui Moly 10W-40 MoS2:
Изминати 4000 километри досега. Потрошено (околу) 400 милилитри при режим 70% градска и 30% отворено.
За споредба, Selenia Gold 10W-40 за истата километража при исто возење потроши 1 литар (при точење беше на максимум, при проверка на минимум).
Понатаму, додека ја возев Selenia-та на капачето се јавуваше "мајонез", иако не трошеше, нити мешаше антифриз и масло. Со LM го немам тој проблем, се е чисто и нема никакви остатоци од мајонезот.
П.С. И двете масла беа купени во АвтоФилтер во Карпош4, уредно декларирани со името на генералниот увозник. Засега сум убеден дека ќе продолжам со истото масло, се додека некој не се пофали од полусинтетската Selenia (Petronas).