Важи и за двајцата: Како прво, како може малку подолга кола и со 4 врати, со ист мотор, исто тешка колку кола со изведба со три врати и пократка... Башка земете го фактот дека кога го возев седанот бевме само двајца, а сега бевме тројца во хечот и не истрескав од ракав туку ти тресеш од ракав, хечбекот пишува во сообраќајна 1120 кила, а не 1180 од кај го истресе ова, а ??
Значи, ќе ти потенцирам дека многу битна работа кај возилата е weight distribution односно распределбата на тежината согласно димензиите на возилото и меѓуоскиното растојание.
Ако астрата седан е подолга од хечбекот ВООПШТО НЕ ЗНАЧИ дека треба да е потешка. Ако можеш да го сфатиш тоа во ред, ако не можеш наједноставни ќе ти биде само да го научиш и да се соочиш со тоа. Ако хечбекот е пократок од каде знаеш ти дека не е намерно направен потежок? Што се со потребата да се зачува тежишната точка на точно определено место?
Башка кај мене во сообраќајната на Спаркот пишува тежина од 950кг иако тежината е 840 кила. На Твингото пишува 990 кила и покрај тоа што реалната тежина му е 940 кила. Остај тоа што искуцал службеникот во сообраќајната, веќе од дамна имаме расчистено на таа тема овде на форумов.
И на крај краева дури и да е 50-100 кила потешка седанот тоа може да се одрази само на хендлингот на задниот дел од возилото, но многу тешко приметливо на перформансите на забрзувањето и кочењето. А ти најверојатно не си толку мајстор или прецизно калибриран за да ТВРДИШ дека хечот е супер а седанот тромав.
Океј ми делуваше моторот, не тресеше, забрзуваше рамномерно... 
Секако, не знам какви само сензори имаш вградено под кожа.