Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 130115 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #735 на: 25 Јули 2017, 01:42:11 am »
Радиодифузната такса сеуште не е укината.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #736 на: 25 Јули 2017, 01:56:44 am »
Не, од сега кој ќе вади ќе му треба потврда за да можи да извади меѓународна, и по автоматизам треба да земам слободен ден или порано од работа да излезам за да одам до мвр за таа потврдата.
Многу брзо пак го сменија законот. Сега нетреба да ја вадиш потврдата, идеќ во амсм и си ја вадиш исто како и досега, туку начелно, ако имаш забрана некаква, нема меѓународна да добиеш!! Е тоа е измената. Тој таму на шалтер ИМА ОБВРСКА ДА ТЕ ПРОВЕРИ дали имаш или немаш забрана. Ти ништо екстра не трчаш по документи. 950 денари, две слики, возачката и личната карта, на шалтер, како и досега.. Измената е од пред 10-15 дена, откако мног народ се побуни за новта ставка т.е. новиот документ. Во прилогна барањето и издадената возачка, сега шалтерџијата ќе одаде уште еден лист што он ќе.го исштампа, на кој ќе пишува дека немаш забрани. ;)

Мора негде да ја пребијат радио дифузна такса ..
Меѓународна се вадеше и пред да ја укинат радиодифузната... ;)
imase negde spsok kde kolku cini megunarodnava, mislam deka najevtina bese okolu 700denari vo sojuzot na vozaci... ako toa vija namaluva dusevnata bolka za 200 denarii :)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #737 на: 25 Јули 2017, 13:02:59 pm »
Пак го плаќаш тоа 50 денари.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


e ako де... поентата е дека не треба дополнително да идеш и да дремеш по други шалтери за да го извадиш тој документ. а тоа дека 50 денари екстра плаќаш, ок, плаќаш. за се нешто само плаќаш цело време и се “поклонуваш“ де ваму, де таму, де онаму, за 30-50-70-100 денари. тоа више е секојдневие, ама ќе запре и тоа еден ден...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #738 на: 25 Јули 2017, 13:12:04 pm »
...кога врбата ќе роди грозје, а ја и ти ќе бидеме нафта.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #739 на: 26 Јули 2017, 00:01:40 am »
...кога врбата ќе роди грозје, а ја и ти ќе бидеме нафта.
...па ни тад...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #740 на: 05 Октомври 2017, 14:11:38 pm »
http://skopjeinfo.mk/stapuvaat-na-sila-novite-pravila-vo-soobrakjajot-povisoki-kazni-za-nesovesnite-vozachi

Цитат
Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива.

Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

Доколку, пак, се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволенто, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаја не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.

Слични се санкциите и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место.

Согласно законските измени, за деца до пет години возилото отсега ќе мора да има детско седиште позади. Деца до две години ќе може да се превезуваат на совозачкото седиште, исто така во детско седиште, но во овој случај детето би седело свртено со лицето кон задниот дел на автомобилот. Притоа, воздушното перниче треба да биде деактивирано.

Новина има и во делот на потпишувањето на Европскиот извештај. Наместо како досега, возачите најпрво да се тргнат од патот, а потоа да го поплнат Извештајот, сега ќе мора да постапат обратно – прво да го потпишат Извештајот, а потоа да се тргнат од патот.

Велосипедистите се должни да имаат бело светло од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна, како и по еден катадипоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Носењето шлем или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и задолжително.

Со измените првпат се воведуваат и нови категории возачки дозволи: АМ – за велосипеди со помошен мотор, А2 – за мотоцикли до 35 киловати и Национална категорија Т – за трамвај. исто така, се воведуваат и Прекршочен платен налог, како и Мандатен платен налог. Првиот се употребува за казнување при сторен прекршок кој треба да се докажува, како што е минувањето на црвено светло, а вториот, за полесни, евидентни прекрошоци како возење со поголема брзина од дозволената или под дејство на алкохол.

Предвидена е и можност, лицата кои ќе бидат фатени да возат во алкохолизирана состојба, да бидат задржувани во полициска станица, наместо, како досега, по пишувањето казна, веднаш да бидат пуштени да продолжат со возилото.

На фирмите им се овозможува, ако немаат обезбедено дозвола за вонреден превоз, да платат казна на граничниот премин при излезот од државата за да не се враќаат назад. Глобите во ваков случај се многу високи и се пресметуваат зависно од повеќе параметри меѓу кои, број на вработени во фирмата, остварен годишен приход,…

Со измените се опфатени и автошколите. За нив, како што беше објаснето на средбата со новинарите, се воведуваат повисоки стандарди. Авто-школите се должни да поседуваат аудио и видео снимки од спроведените обуки за возачки испит и овие материјали да ги чуваат најмалку 90 дена.

Зголемени се и глобите, од 25 на 100 евра, во слулај некое возило да се вклучува во сообраќај од земјен пат, без претходно да биде измиено.

Се дефинираат забранетите места за запирање и паркирање – плоштад, пешачка зона и противпожарен пат, а се прецизира и каде точно може да застануваат таксистите за да соберат патник, но со максимално задржување од три минути. Такси возачите, исто така, според посебна одредба во законските измени, ќе може да користат мобилен телефон или друг уред за комуникација при возењето доколку со тоа не предизвикуваат какви било закани по безбедноста за сообраќајот.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот се изготвуваа цела година, согласно словенечкиот и хрватскиот модел.


125цц дали ќе се вози со Б категорија да дознаеме уште.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #741 на: 05 Октомври 2017, 14:33:44 pm »
Дали за 30-50 над дозволено надвор од населено место се одзема возачка?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #742 на: 05 Октомври 2017, 14:38:47 pm »
Што убаво, живееме во класичен фашизам, а некои не се ни свесни.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #743 на: 05 Октомври 2017, 14:40:37 pm »
Да, 3-12 месеци според текстот

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #744 на: 05 Октомври 2017, 15:32:04 pm »
Кретенски работи, пред некој ден платив казна во Србија од 20 европски, возев 29 над дозволено, на автопат, значи ненаселено место, нарушувам "само" своја безбедност, за населено место разбирам и поригорозни казни, ама ова за ненаселено е крајно несфатливо.
Валда оваа А2 категорија ќе биде во Б вклучена па ќе може до 35kW да возиме па и брзински не само аутоматици :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #745 на: 05 Октомври 2017, 15:46:26 pm »
а во овој закон ли се регулираа клима фолиите?Ако да да им ебам матер моронска што не сменија и таму.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #746 на: 05 Октомври 2017, 15:48:18 pm »
Кретенски работи, пред некој ден платив казна во Србија од 20 европски, возев 29 над дозволено, на автопат, значи ненаселено место, нарушувам "само" своја безбедност, за населено место разбирам и поригорозни казни, ама ова за ненаселено е крајно несфатливо.
Валда оваа А2 категорија ќе биде во Б вклучена па ќе може до 35kW да возиме па и брзински не само аутоматици :D

Зошто би ја вклучиле А2 во Б кога никаде во Европа не е така?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #747 на: 05 Октомври 2017, 16:09:18 pm »
а во овој закон ли се регулираа клима фолиите?Ако да да им ебам матер моронска што не сменија и таму.

Ова е ЗБСП, фолиите се под Законот за возила.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #748 на: 05 Октомври 2017, 16:42:10 pm »
Што убаво, живееме во класичен фашизам, а некои не се ни свесни.

Последна измена на ЗБСП е во 2016 година. Или се грешка овие што ги линкал Дени или ова се остатоци од стариот класичен фашизам кој беше до скоро, не се резултат на неофашизмот кој ќе следува.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #749 на: 05 Октомври 2017, 17:29:34 pm »
Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните информации објавени во некои портали за нови сообраќајни правила и казни.

– Станува збор за преработена информација по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од октомври 2015 година кога всушност и беа направени споменатите измени во овој закон, а која што тогаш беше презентирана на македонската јавност од страна на Министерството за внатрешни работи. Таа информација овој пат е „прекроена“ и ставена во актуелниот контекст сугерирајќи некаква нова казнена политика и сообраќајни правила, појаснува МВР.

http://a1on.mk/archives/799190

---

И така....