ако може да добијам едно ривју од оние што го знаат возилото имале некаков контакт со него, го поседуваат или поседувале или пак можда го имале на кратко на заедничка “дружба“...
финтата е што брат ми (возач кој знае да тури клуч брава и гориво во резервоар и да вози, а за мењање гума бара помош од пријатели) се размислуваат со снаава да уплатат на лизинг од мида до го земат. јас онаков каков што сум против дизел, не им се мешам во изборот на моторот, им треба економично возило во секој случај, но и понатака си стојам дека подобро половно возило (од 2005-та навака, па макар и дизел да е) одколку гланц ново. но кога веке се решиле за тоа возило, не би било лошо да им предочам што ги чека...
значи она што би ги интересирало е:
маани, редовни проблеми ака бебешки болести, изджливост, стабилност, цена на редовни одржавања (масло, филтри, каиши...), секако и доблести или предности во однос на другите возила од таа класа или се што ке ви текне дека знаете за ова и баш ова возило. за цена не ме прашувајте, си идат они преку некоја си нивна линија, добиле веке попуст некаков а јас не прашувам за тоа.. нивни џеб, нивни пресметки нели...
чекам на одговори... благодарам однапред....
едит..
сменет насловот од фиеста во фокус... промена на план.