Автор Тема: НАЈЛОШ НОВ АВТОМОБИЛ НА НАШИОТ ПАЗАР (Искуства и забелешки)  (Прочитано 16425 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
За дискусијава да биде продуктивна, корисна и валидна, предлагам да изземеме лични (и статистички неважни) примери од равенката, и да дискутираме за други работи.

Јас би дискутирал за следново:

- Технологија
- Безбедност
- Економичност
- Перформанси
- Завршна обработка
- итн.

Аргументот „на братучед ми аудито на 90.000 доби нов мотор“ не е валиден, пошто за тоа едно Ауди, ќе најдеме уште 20.000 примероци (глобално, рецимо) на возила без никаков проблем.

Кога бирав ауто, покрај личното искуство и доживување при користење, доста читав и разни специјализирани форуми каде што си кажуваа за своите проблеми со своите возила.

Така на пример се одлучив да Тигуан 1.4 ТСИ 150 или 160 кс (проблематчната верзија беше 150 кс ако не се лажам, а преќутно променетата 160 кс), не доаѓа во предвид ради висок степен на расипливост (еден куп најдов искуства на луѓе што се жалеа).

Во Право е Симо во тоа дека треба да се читаат искуства лични од луѓе што го поседуваат одредено возило, ама што проблемите ги споделуваат објективно.

Официјална статистика некогаш може и да се намести и да не биде баш најточна слика на реалноста

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Според мене нема ЛОШ АВТОМОБИЛ па макар и половен (со исклучок на кинески и сл.) ,има само лоши сопственици.

Не баш.. Прогуглај за relability за ТСИ 1.4 150 кс во Тигуан. Овој мотор преќутно се промени во друга верзија од истиот.

Башка што во моите тестирања на таков Тигуан (2-3 години стар), ми трошеше 15 л/100 град, и 12-13 л/100 отворено

А истиот мотор доби награди за нај современ мотор и најдобра технологија. Јас лично не верувам секогаш на официјални тестови, награди, туку истражувањето го правам читајќи и искуства од корисници (на места каде што тие објективно си ги кажуваат проблемите).

Па на крај одлучувам дали тие проблеми ми се прифатливи или не

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Ух.. Во фамилија имаме Golf TDI, Golf TSI, Audi A6 TDI, а имавме и Passat TDI, Passat TSI и сеуште се користи и Leon TDI. Сите овие имаат по над 30.000 км. Ни еден не добил ремонт до сега. Велештрумф има 3х Volkswagen Caddy комбиња со вкупна кумулативна километража од околу 1.2-1.3 милиони километри. До сега не виделе ремонт.

И?

Затоа викам, ова не е валидна насока на дискусијата.

Да дискутираме за тоа која кола е безбедна, која не е, која каква е за возење, итн. Одржувањето и расипливоста (и квалитетот и нерасипливоста) многу зависат од сопственикот, начинот на возење, начинот на одржување и уште неколку други фактори кои прават ваквите примери да не бидат вистински индикатор.

Во секој случај, добро возило не мора да значи дека е квалитетно возило. Затоа викам да дефинираме прво што е лошо а што е добро возило. Рецимо, Рено Твинго - ете, не се расипува. Али за мене е лошо возило.

Од друга страна, Mazda RX-8. Пие гориво као ѕидар пиво, троши уље као матурантка пари у Сити Мол, подложни се на милион различни дефекти заради видот на моторот, али за мене тоа е добра кола.

Се слагаме јас и ти :) Добра кола може да биде возни карактеристики, софистицираност, уживање при возењето, а да е скроз расиплива..

Затоа е и битно да си ги кажуваме личните проблеми, и самите да одлучиме дали ни е проблем или не.

За некој е проблем ако се расипива често.

За некој е проблем ако ете не се расипува често, ама не нуди софистицираност при возењето.

За некој е проблем ако му троши... итн итн..

Инаку не значи дека секој VW мотор е расиплив. Ама ете имаат серии што можеби и не се најистестирани (имам впечаток дека некои верзии на нови мотори се пуштени со намера самите корисници да играат улога на тестери).

 Во исто време имаат мотори што се стварно многу поуздани и плус одлична потрошувачка и перформанси.

Кај Мазда RX8 од старт знаеш дека троши уље, и дека треба ремонт на 100 000 км. Ама го купуваш свесно ако си во таргет групата што тоа не им пречи. Би било проблем ако се преќутат сериозни потенцијални проблеми.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Добро де, ама ајде во една едина тема на форумов да избегнеме дискусија за тоа колку една или друга кола се расипувале, него да збориме за другите работи што ги прават колите добри или лоши.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
zeroSignal
Убаво е некој да ти посочи за некое возило дека има некој одредени проблем.
После ти погуглај си и види колку се чести и т.н.  Убаво е да знаеш кај да обрнеш внимание.  

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Важи само за нови или и понови половни возила?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Добро де, ама ајде во една едина тема на форумов да избегнеме дискусија за тоа колку една или друга кола се расипувале, него да збориме за другите работи што ги прават колите добри или лоши.

Мислам дека баш објективна дискусија на форумов би се постигнала, ако отворено се споделат одредени проблеми. Не муабети овој ми кажа оној ми кажа, туку баш проблеми што сме ги виделе и ние самите, или за што имаме доволно прочитани форуми, линкови (објективни), каде што може тоа отворено да го постираме.

Па самите ќе одлучиме дали тој и тој проблем ни е проблем и на нас или не.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Како може Астра 1.6 115кс да е најлоша, кога се нуди Астра 1.4 100кс во истиот салон? Таа подобра е?

Астрата и општо такви коли не се зимаат голи скроз, таа треба во најмала рака да го има спорт пакетот - за кој се спрема ривју на Порталот и ја видовте едната слика до сега. Колата не е лоша, но е дефиниција зошто е потребен дизел мотор. Или барем турбо бензинец, а не атмосферец. Да си имал искуство на астра ЦТДИ со 192кс и Спорт пакет, па да видам дали ќе беше најлоша.

Имаш Дачија Сандеро Степвеј во салон, која на пример има многу рурален ентериер. И премногу смрди внатре на што и да смрди, но не е лоша. Жалосно е што на прекрасниот екстериер и одличната подигната каросерија има ужасен ентериер и никакви седишта и се е такво кутро внатре. Многу потенцијал има колата.

Хјундаи И30 во салон го имаат за 11.500еур со најрурална опрема 11.800 со металик. Но, веќе со следниот пакет со кожичка на волан, и менувач, како и прљави колена од молење да ти дадат бандажи одма заличува на кола. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
zeroSignal
Убаво е некој да ти посочи за некое возило дека има некој одредени проблем.
После ти погуглај си и види колку се чести и т.н.  Убаво е да знаеш кај да обрнеш внимание.  

Токму така. Briskoda.net  е форум за Шкода. Многу квалитетен форум.

Сите имаат Шкоди (јас го читав подфорумот за Шкода Јети). Од тој форум научив дека 1.2 ТСИ има проблем со компресорот во првите верзии и дека скоро сите се расипуваат (го мењаат под гаранција).

Пази луѓе што сакаат Шкода, што ја поседуваат отворено си кажуваат за проблемите што ги имаат и за предностите што ги сакаат.

 После тоа ти самиот види ти одговара или не.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Дарко, се слагам. Ама веќе имаме теми за сите посебни брендови, маани-ово-оно. Ајде да збориме за управување, да збориме за квалитет на обработка, да збориме за хаптички квалитет, ергономија, безбедност, практичност и сите тие други работи.

Редовноста во сервис не треба да биде единствениот аргумент за квалитет, ниту пак единствената дискусија.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
И дали тоа ја прави лоша кола е вистинското прашање? Аналогно на насловот НАЈЛОШ НОВ АВТОМОБИЛ НА НАШИОТ ПАЗАР (Искуства и забелешки).

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809

Имаш Дачија Сандеро Степвеј во салон, која на пример има многу рурален ентериер. И премногу смрди внатре на што и да смрди, но не е лоша. Жалосно е што на прекрасниот екстериер и одличната подигната каросерија има ужасен ентериер и никакви седишта и се е такво кутро внатре. Многу потенцијал има колата.

Стварно, и ние влеговме во Дачија кога се купуваше Цитроенчево. ТАКОВ СМРАД не сум осетил во ниедна кола. Ко да се исповратил некој и да се помочал, и така да останало на сонце едно 15 дена. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Истото искуство пред неполни 8 саата. Печат очи. Чуден мирис приметив и во Рено Каптур.