Правење на кутија е многу комплексна наука. Со голем број параметри. Сепак дали знаеш колкави цевки бараш? Ако сакаш да пресметаме кажи. Само кажи го точно моделот на звучник и точниот волумен на кутијата.
Ако имаш оставено дупки за цевки, а не си ставил цевки нормално дека нема да има никаков звук. Затвори ги дупките со нешто (книга со дебели корици и држи ја стисната, или даска некоја) и ќе осетиш звук на компресиона кутија.
Абе по интернет најдов дека тие се стандардизирани, најчесто застапени се 8 и 10цм. И јас по логика оставив 8 цм за ако не го бива или неможам да најдам да ја проширам и да се стават од 10 цм. Арно ама воопшто не ми падна на ум дека толку лош ќе е звукот додека ги најдам пластикиве :/
Кутијата иначе е буре кое го поделив на два дела и секој си е засебен вуфер, опцијата дека може да функционира без дупки за воздух ја отфрлив зошто претходниот вуфер немаше дупки и воопшто не ми се свиѓаше звукот што го вадеше (а и секаде по нет таквите звучници како мојот се во кутии со дупка за воздух)
Имаш уште нешто останто во Ботс карши олимписки.
Кај се наоѓа поточно тоа ?