Автор Тема: kupuvam citroen c3 hdi  (Прочитано 8138 пати)

Отсутен .:gocka:.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
kupuvam citroen c3 hdi
« на: 22 Јануари 2014, 22:37:32 pm »
baram citroen c3 1.4 hdi od 2004 nagore.. budzet okolu 3500 eur.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #1 на: 23 Јануари 2014, 08:54:59 am »
Немој!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #2 на: 23 Јануари 2014, 08:58:57 am »
Немој!

Зашто?

Што е толку проблематичен?


Имаш конкретни нешта да посочиш или?


Сериозно ме интересира

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #3 на: 23 Јануари 2014, 09:27:10 am »
Баш на тебе ти пишав зошто. Тенекија од кола. Никаква цврстина на шасија. Врати тропаат и крцкаат, сите пластики крцкаат и вибрираат. На дупки кога минува се распаѓа. Внатрешниот простор е мизерен. Единствена добра работа е моторот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2014, 09:47:58 am »
@Gocka: Добредојде на Карклуб, се надевам дека ќе го најдеш тоа што го бараш.

@Лошко: Ај воздржи се од тролкање. :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2014, 09:50:55 am »
Ова го сметам за навреда, затоа што мојот пост не е никакво тролање, туку делење на искуство од огромно значење. Никој не би требало да заглави со канта каква што е C3 MK1.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2014, 09:57:08 am »
Се распаѓала на дупки? Колку дупки може да издржи?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2014, 09:57:08 am »
Баш на тебе ти пишав зошто. Тенекија од кола. Никаква цврстина на шасија. Врати тропаат и крцкаат, сите пластики крцкаат и вибрираат. На дупки кога минува се распаѓа. Внатрешниот простор е мизерен. Единствена добра работа е моторот.


Па дека делува ко тенекија, делува.

Крцкање, бар на мојов нема никакво

Кога се минува на дупка, да се има осет ко да ќе се распадне (мислам дека со упграде на амортизерите веројатно би се средило ова)


Внатрешен простор напред има повеќе од доволно. На задна клупа е тесничко.

Исто има багажник за машала.


Ама па моторчето влече супер, и троши малку. Така да вага. Позитивности и Негативности :)

Јас ги доживувам прилично слично направени со Peugeot


Дарко

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2014, 09:59:48 am »
Еден третман на дампенинг кај Tome-Colt, ќе ги реши сите маани лошко што ги истрола.

(for the facts sake, јас лично пре` би избрал 206 пред ц3 од пред 10 години)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #9 на: 23 Јануари 2014, 10:10:05 am »
Значи мааните што ги наведувам, што реално постојат, што ги потврди и сопственикот, е тролање?  Абе вие сте најголеми трол модератори. Мотивот ми е позитивен, постапкатата исто така, и на крај те заебаваат, е тоа го нема нигде. Јас го дадов најкорисниот совет на темава, сите пораки после мојата воопшто нема да му помогнат на човекот во неговиот избор.

крелл, пази ти го имаш новиот модел на C3, и пак ги има истите маани. Јас се возев  на кратко со новиот C3, но на убав германски пат, и беше посолиден на прв поглед. Впечаток ми оставија евтините пластики на инструмент таблата и 1.4 бензинцкиот мотор кој беше претромав.  

Во стариот C3 пример, не можеш ни да се сместиш на задните седишта, толку е тесно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #10 на: 23 Јануари 2014, 10:11:18 am »
http://www.honestjohn.co.uk/carbycar/citroen/c3-2002/?section=good , не е безгрешно, ако купуваш од познат и редовно сервисирано ( не е увезена канта со 472000км вратена на 169000км) може да помине. Со среќа купувањето. И јас попрво би купил 206, ако ништо друго полично е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #11 на: 23 Јануари 2014, 10:11:46 am »
Моја грешка, не видов дека се праи муабет за прошлиот C3. Мислев се збори за новиот.

Се извинувам. :)

Иначе, да, ни јас не би го препорачал првиот C3.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #12 на: 23 Јануари 2014, 10:12:07 am »
@loshko, Оваа твоја порака:

Немој!

Сигурно му помогна да си го најде автомобилот кој наумил да го купи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #13 на: 23 Јануари 2014, 10:13:10 am »
Не знам Ц3 како е со цврстина ама Пежо 206 е меѓу најтегнатите возила што некогаш сум ги возел.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: kupuvam citroen c3 hdi
« Одговори #14 на: 23 Јануари 2014, 10:26:32 am »
Значи мааните што ги наведувам, што реално постојат, што ги потврди и сопственикот, е тролање?  Абе вие сте најголеми трол модератори. Мотивот ми е позитивен, постапкатата исто така, и на крај те заебаваат, е тоа го нема нигде. Јас го дадов најкорисниот совет на темава, сите пораки после мојата воопшто нема да му помогнат на човекот во неговиот избор.

крелл, пази ти го имаш новиот модел на C3, и пак ги има истите маани. Јас се возев  на кратко со новиот C3, но на убав германски пат, и беше посолиден на прв поглед. Впечаток ми оставија евтините пластики на инструмент таблата и 1.4 бензинцкиот мотор кој беше претромав. 

Во стариот C3 пример, не можеш ни да се сместиш на задните седишта, толку е тесно.

Нешто се сложив, нешто не се сложив :) Не се сложив баш све :)


Дарко